Continental ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860 на Македонскиот пазар
Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2016 17:16
Оваа зима познатиот светски премиум производител на пневматици Continental на нашиот пазар ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860. создадени за компактни возила и за возила од средната класа вистински прилагодливи на сув, на влажензимски коловоз како и на замрзнат коловоз покриен со снежна покривка.

Претходникот во генерацијата зимски пневматици ContiWinterContact TS 850 во изминативе четири години, во конкуренцијата од 47 производители се докажа како најдобар во сите тестирања спроведени од European trade press, автомобилските клубови и организации на консументи со што стана најуспешен зимскипневматик создаден од Continental до сега.

WinterContact TS 860 се најавува како негов ексклузивен наследник, пневматик создаден по најнова технологија, вистински прилагодлив на сув, влажен, замрзнат и снежен коловоз обезбедувајќисигурен и постојан притисок на патот. Зимите во централна Европа се главно ладни и влажни со десет врнежливи денови во текот на еден месец во периодот од октомври до март. Со температури околу 0 степени целзиусови, тоа значи зголемен ризик од замрзнати патишта кои се многу чест причинител за сообраќајни несреќи. Затоа спецификациите на новите WinterContact TS 860 се фокусираат да обезбедат максимална безбедност особено на влажни и замрзнати коловози.

Новите зимски пневматици WinterContactTS 860 се наменети за употреба во Централна и Западна Европа. Кај нас ќе бидат достапни за продажба од оваа есен, со триесет и шест артикливо дваесет и една величина со дијаметар од четиринаесет до седумнаесет инчи, и со најава за дополнителни дваесетина модели коие планирано да влезат во производство во текот на 2017 година.
Со лансирањето на WinterContactTS 860,Continental лансира нов зимски специјалист за компактни возила и за возила од средната класа. Во поглед на безбедноста новите пневматици носат вистински прогрес:

- нивните перформанси за време на сопирање на влажни зимски патишта се за дури 5 % подобри од нивниот претходник ContiWinterContact TS 850;
- растојанијата на сопирање се за 4% пократки на мраз;
- има значителни подобрувања на квалитетот на управување и возењево услови на снег;
- километражата и отпорот на триењето се рамо до рамо со успешниот претходник.
EU Tire Labelги оценува новите пневматици на Continental со рејтинг C за отпорот на триење и со рејтинг B за справувањето со влажни патишта. Што значи дека од следната есен, овие зимски гуми за компактни возила и за возила од средната класа постепено ќе ги заменуваат исклучително успешните ContiWinterContact TS 850.

Во рамки на глобалната ситуација на пазарот за производство на компактни и возила од средна класа Continental гледа добра иднина за своите нови зимски пневматици. Именододека побарувачката за 14-инчни пневматици опаѓа, а европскиот пазар за 15-инчни достигна до околу 20 милиони единици, Continental очекува зголемување на побарувачката за 16 и 17 инчни пневматици во текот на следните неколку години.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




