16 Јануари, 2025
0.0268

Фактор сторија

Црквичката ја спаси куќата на семејството Крстевски

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Девет членото семејство Крстевски од селото Црешево  е заборавено од државата. Нивната куќа била прва на удар од поплавата која пред повеќе од еден месец го зафати скопскиот регион. Денеска велат живеат на работ на егзистенцијата. Главата на семејството, шеесет годишниот  Роте Крстевски е невработен. Не работи ниту неговата сопруга. Пред неколку години едвај успеал да го среди долниот кат од куќата. Но од него по поплавата не останало ништо. Мебелот и покуќнината се уништени. Останало само кал и вода.

“Очајни сме. Не заборавија целосно. Поплавата буквално ни ја однесе куќата, дворот. Неможам да ви опишам како се чувствуваме. Јас не работам, сопругата не работи. Имам уште четири години до пензија. Едвај успеавме да го подредиме долниот спрат за да може на двајцата синови да им ги ослободиме горните соби. Двајцата се со деца. Немаше простор. Цел живот работевме, за сега да немаме ништо. Децата земаа кредит колку да ја покриеме куќата. Кровот буквално беше однесен. Страотно беше. Легнуваме и стануваме со кошмари. Не бараме многу, само некој да ни помогне, колку да ја поправиме куќата, да се прибереме. Тесно е кај децата да се пикаме. Нема никој да не праша како сме” -вели Роте Крстевски.

Неколкуте куќи на улицата “5” во подножјето на Скопска Црна Гора  сеуште мака мачат да го вратат животот во нормала. Секој дожд е нов страв за семејствата. Не ги радува ниту  веста дека Собранието  го изгласа ребалансот на буџетот со кој треба да се обезбеди целосна отштета за поплавените. Роте иако го има на списокот за авансна помош од петстотини евра, помошта вели никаде ја нема. Вчера на  неговата сметка  легнале единствено парите од донациите преку Црвениот крст.

“Вчера на сметка видов дека имам 13 120 денариод  Црвен крст. Друга помош не сум добил. Ми рекоа сум бил во втора група за аванс,а  која е таа група незнам. Но и да дојдат тие пари не се доволно за да се закрпи една дупка. А штетите се огромни. Куќата е уништена, дворот е полн со смет. Само да можев да ви опишам колку беше убаво пред поплавата. Уреден двор, цвеќиња, зеленило, тревник, дрвца. Сега немаме ништо. Само по некоја слика за да си ја јадосуваме душата. Сега морам отпочеток во дворот да направам една соба колку да се прибереме со сопругата. Но и тоа ми изгледа далечно”- низ солзи раскажува Роте од скопско Црешево.

Во дворот на семејството Крстевски покрај купиштата градежни предмети централно место сеуште има малата минијатурна црквичкаод камен. Таа верува Роте,  ги спасила од надојдената вода која буквално како река поминала низ нивниот имот. Во целата несреќа вели  среќен е што сите се живи и здрави.

“Јас и сопругата си седевме долу и наеднаш слушнавме силен татнеж. Прво не бевме свесни што се случува. Врнеше со саати. Децата спискаа. Едвај успеавме да се искачиме горе. Потоа што да видиме. Дворот беше уништен до непрепознавање. Дваесет и осум камиони со камења и шут беа изнесени од нашата улица. Наносот од кал беше неколку метри. Со денови расчистувавме. Помогна војската, хумани луѓе. Но и  по толку време неможеме да досредиме.И колата ни беше уништена. Едвај успеав да ја вратам во возна состојба. Не ме расправија стотици евра. А потребна ми е за да работам. Порано работев со железарија но сега и тоа неможам.  Времето заладува. Немаме дрва, покуќнината е уништена, немаме алишта. Незнам како ќе се помине. Не бараме многу, само колку за основните потреби”- додава Роте.

Помош побарале и од општината, но оттаму вели креваат рамена.Селото  Црешево е оддалечено од центарот на Скопје околу петнаесетина километри, но според маките на жителите кои беа поплавени како да е светлосни години оддалечено од цивилизацијата. Над селото повторно надвиснале темни облаци. Семејството Крстевски  и нивните соседи  секој ден го поминуваат во грч, во мисла дали невремето недај боже пак ќе се повтори. Но сега пред себе имаат уште еден проблем, нов предизвик- како да ја минат престојната зима за која немаат ниту пари ниту помош. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено