Црвениот крст укинува 1.500 работни места во повеќе држави
Објавено во: Економија 04 Април, 2023
Поради недостиг на средства Црвениот крст укинува 1.500 работни места во повеќе држави.
Информацијата ја соопштија од седиштето на организацијата во Женева, пренесува ДПА. Кратењата значат дека најмалку 20 од 350 бази на Црвениот крст во светот ќе бидат затворени и организацијата ќе се фокусира најмногу на своите основни задачи. Тие вклучуваат хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони и промовирање на усогласеност со меѓународното хуманитарно право, кое ги регулира правилата за војување и заштита на цивилите за време на воени конфликти. До почетокот на идната година се очекува да заштедат 430 милиони швајцарски франци (470 милиони долари). Од една страна, дел од ветените донации никогаш не дојдоа, но и трошоците растат поради инфлацијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.