Цветковска: Достоинствен оброк не е луксуз туку потреба, да не фрламе тони храна
Објавено во: Македонија 04 Април, 2019 06:55
Волонтери со топли насмевки, голем ентузијам, несебичност и посветеност сакаат да нахранат што е можно повеќе гладни луѓе кои за жал се дел од нашата сурова реалност.
Во последниот период се активираа повеќе јавни кампањи за да се сочува вишокот на храна и да не се фрла, туку да се донира на лицата од социјално загрозените категории, како и тие кои не можат да си обезбедат редовни оброци. Подолго време функционира и граѓанската иницијатива Ретвитни оброк која редовно организира доделување на оброци, пред се на бездомните лица пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Со еден од активистите и учесник во Ретвитни оброк, Теодора Цветковска разговаравме за тоа што е потребно да се преземе за да се спречи годишно кај нас тони храна да завршува во ѓубре, а илјадници луѓе да останат гладни.
Фактор: Како започна иницијативата Ретвитни оброк. Во изминативе четири години секоја сабота волонтери организираат делење на храна пред се на бездомни лица кај спомен куќата на Мајка Тереза. Што беше мотивот да се започне ваков вид на хумана акција?

Фактор: Колку луѓе брои сега иницијативата Ретвитни оброк и дали бројот на волонтери се зголемува. Исто така може ли да ни опишете како се одвива подготовката на храната и оброците, што се готви и каде, колкава количина успевате да обезбедите?

Цветковска: Во координација сме околу 20 луѓе кои секој ден меѓусебно комуницираме за престојните готвења, за донации и редовните состаноци. Волонтери има многу. Според некои наши статистики низ просториите на Гласнот во овие четири години имаат дојдено над 2500 волонтери.
Заедничкото готвење во петок се одвива во Гласност. На нашето мени најчесто се јадења кои можат да се подготват за брзо време и во големи количини. Готвиме ориз со зеленчук, паста, гравче, месо и колбаси на скара и секако свежа салата. Од петочното готвење успеваме да приготвиме околу 150 оброци. Многу граѓани донираат зготвени оброци од дома кои ги носат пред платото на Мајка Тереза во сабота, а тука се и рестораните кои од самиот почеток донираат. Па така, финалната бројка се движи некаде околу 200 оброци.

Фактор: Како ќе продолжи да функционира иницијативата Ретвитни оброк, самиот hash tag на Twitter станува се популарен, па има ли насоки за поголема организација и поголема поддршка од институциите, компаниите и хуманите граѓани?

Цветковска: Свеста кај компаниите и невладините организации се издигнува, сè повеќе ни пристапуваат, а граѓаните се пријавуваат да волонтираат. Сепак денес, најголем дел од граѓаните имаат храна во изобилство, но сè помалку ни текнува на другиот да му подадеме рака. Македонија е рангирана на осмото место во светски рамки по количина фрлена храна според бројот на жители, што е страшно. Тоа значи дека околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира. Процените се дека фрламе 12.000 тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани, а вкупните вишоци надминуваат 100.000 тони.
Според мене, потребно е отварање на народни кујни, социјални ресторани поголеми акции за подигање на свеста. Не би можела да зборувам во која насока ќе се движиме како иницијатива, но знам дека секој од нас ќе продолжи да се бори и да работи макотрпно за да донесеме уште повеќе позитивни промени.
Х.С.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




