29 Јуни, 2024
0.0310

Д-р Елена Пеева од „Фајзер“: Производството на „Паксловид“ ќе се зголеми во следните месеци

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Македонката Елена Пеева, која работи за Фајзер“ и успешно предводи повеќе клинички студии со нови лекови и е автор на повеќе од 50 научни стручни трудови од областа на медицина и имунологија, во интервју за МИА вели дека „Паксловид“ го намалува ризикот за хоспитализација за 89 отсто, но дека допрва треба масовно да се произведува.

За овој лек експертите тврдат дека претставуваат надеж за луѓето во овој период на ширење на омикрон варијантата. 

- Паксловид (Paxlovid) е орален антивирусен лек. Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри Паксловид за дополнителна употреба на 22 декември 2021 година. Таблетите се наменети за лекување на лесна до средно тешка форма на Ковид-19 кај возрасни пациенти и деца постари од 12 години кои имаат позитивен тест на САРС-КоВ-2, и имаат фактори на ризик за прогрес во тешка форма на коронавирус, вклучувајќи хоспитализација и смртни последици.

Паксловид е наменет за пациенти со почетни симптоми на Ковид-19, без оглед дали се вакцинирани или не. Таблетите се примаат двапати дневно во текот на пет дена.

Клиничкото испитување покажа дека земањето Паксловид  во првите три дена од појавата на Ковид-19 со лесно до средно тешки симптоми, го намалува ризикот од хоспитализација на 89 отсто за оние пациенти кај кои постои опасност за преминување во тешка форма на Ковид-19.

Моментно, количествата на овој лек  се ограничени, но се очекува неговото производство да се зголеми во следните месеци, вели Пеева за МИА.

На едно од прашањата таа вели дека  не е невообичаено вакцината против Ковид-19 да не дава трајна имунолошка реакција. 

- Студиите покажуваат дека антителата против САРС-КоВ-2 се намалуваат со текот на времето. Засилувачката доза дава значително подобра заштита од омикрон варијанатата, отколку една или две дози од вакцината. Тоа не е ништо необично. Секоја година нова вакцина против грип се произведува за заштита од нова варијанта на инфлуенца, гласи објаснувањето на Пеева.





Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ