ДА НЕ СЕ ЗАКОПАМЕ ВО МИНАТОТО: Јанев најавува нова динамика во разговорите
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2021
Од бугарска страна има најави за поинтензивни разговори во периодот кој следи.
По изборите во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие поинакво значење, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев, во изјава за БНТ. Објаснува дека дека не треба „да се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.”
Јаев додава дека во однос на Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој рече дека бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите нации во ЕУ.
„Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија“, кажа Јанев.
Според него, по крајот на октомври и ноември, кога има избори во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла.
Доколку Бугарија не ја тргне блокадата, земјава не може да ги почне преговорите со ЕУ. Грција кажа дека не се сложува со блокадата на Бугарија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.