ДА ПОКАЖЕ СОЧУВСТВО И ЗА ДЕЦАТА ВО ГАЗА: Емине Ердоган и напиша писмо на Меланија Трамп
Објавено во: Свет 23 Август, 2025 19:10
Првата дама на Турција, Емине Ердоган испрати писмо до сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп во кое бара таа да заложи и да покаже исто сочувство кон децата и цивилите во Појасот Газа, како што покажа кон жртвите од војната во Украина.
Емине Ердоган бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заземе за децата во Појасот Газа.
Меланија Трамп претходно испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое изрази загриженост за киднапираните украински деца.
- Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца … ќе биде покажана и за Газа, наведува Емине во писмото додавајќи оти во Појасот Газа за две години загинале повеќе од 62.000 цивили од кои 18.000 деца.
Таа во писмото наведува дека во Појасот Газа не се случува само геноцид, туку и неправда во меѓународниот поредок, кој ги цени животите на некои луѓе повеќе од другите.
- Како мајка, жена и човечко суштество, длабоко сочувствувам со емоциите што ги изразивте во вашето писмо. Се надевам дека ќе имате иста надеж за децата од Газа, истакнува Емине Ердоган.
Белата куќа сè уште не го коментирала писмото на првата дама на Турција.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




