ДА РАБОТИМЕ НАПОРНО ИЛИ ПАМЕТНО: Што е клучно за напредок во кариерата?
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2024
Ако сакаме напредок во кариерата, треба да направиме баланс, односно да работиме напорно, но и да работиме паметно и да носиме правилни одлуки.
Изабела Христовска - Шкоф, сертифицирана кариерна советничка објаснува дека успехот најчесто е комбинација од напорна работа, но исто така и паметно работење. Од една страна, напорното работење е поврзано со голема дисциплина, развој на вештини, но и способност да се справиме со најразлични предизвици при работењето кои се секако неопходни во најголем дел од професииите.
„Иако напорната работа може да ни донесе големи успеси, понекогаш паметното работење може да ни овозможи долгорочна сатисфакција и поголем напредок во работата. Од друга страна, вештините како ефикасност во работењето, приоритизација, ефикасно менаџирање со ресурси и способноста за креативно решавање на проблеми се оние кои се најприсутни кај вработениот кој работи паметно. Со помош на овие вештини, вработениот е способен поуспешно да го менаџира своето време, да поставува јасни цели и да делегира одговорности на останатите во тимот, да дава приоритети на вистинските задачи, да користи различни технологии и алатки кои ќе автоматизираат одредени процеси, но и да анализира како нешто било сработено и да се прилагоди на промените. Но, најважно од сè е вработениот постојано да учи, да ги следи новите технологии и трендови бидејќи пазарот на труд се менува секојдневно и листата на вештини кои се потребни за успех во работата е значително подолга“, додава Христовска Шкоф.
Таа вели дека покрај напорната работа и паметното работење, секогаш е важно да избереме професија која е поврзана со нашите интереси, вредности и јаки страни, бидејќи избирајќи ја професијата која нè исполнува ние сме помотивирани да го дадеме својот максимум. Потребно е и да ја покажеме нашата креативност, способност за давање идеи и оригиналност додека работиме ефикасно и концентрирано на нашето избрано работно место.
„На крајот на денот, секој човек различно го дефинира успехот што значи дека сите претходно споменати критериуми ќе бидат важни за секој вработен, но во различна мера. Најдобро е да се балансира напорната работа со паметното работење, но и да не заборавиме да поставуваме паметни цели и да учиме постојано“, рече таа.
Во светот се правени различни истражувања на оваа тема и се тврди дека 80 проценти од она што ќе го добиете во животот ќе биде резултат на 20 проценти од вашите напори. За помалку време и подобри резултати, можеме да ја примениме оваа формула во животот работејќи паметно. Паметната работа е вложување на минимален напор што предизвикува максимален ефект.
Напорната работа често резултира со поголем обем на завршена работа, но може да не продуцира поквалитетни производи или да не даде нови информации. Паметната работа, сепак, може да му овозможи на секој член на тимот да најде процес кој најдобро функционира за него.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.