19 Декември, 2025
0.0461

Да трчаме и донираме за основање на центар за заболени од Вилсонова болест

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2016 12:44

Добивај вести на Viber

Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, повикува на масовно учество на втората хуманитарна трка Подај рака 2016, што ќе се одржи на 15 октомври, сабота, во 11:00 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот кај Хотел Александар Палас. Целта на оваа хуманитарна, штафетна трка е собирање на средства за отворање на регионален центар за поддршка на заболени од Вилсонова болест.

Трката е организирана од Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, со финансиска поддршка од компанијата ОКТА. Средствата од котизацијата ќе бидат наменети за создавање на центарот.

„Во недостиг од искуство и поддршка во својата земја, создавањето на центар ќе им помогне и на пациентите и на медицинскиот персонал. За пациентите и нивните семејства од исклучителна важност е поврзувањето со други луѓе засегнати од оваа болест, како би ги добиле потребните информации и совети за справувањето со предизвиците кои ги носи болеста. На медицинскиот персонал, пак, поврзувањето со стручни лица од регионот би им овозможило пристап до поголеми бази на податоци, корисна литература, можност за стручни консултации и практични совети за дијагностицирање и третман на Вилсоновата болест“, изјави Тони Димиќ од Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија.

Вилсонова болест е ретко генетско заболување и подразбира нарушување на метаболизмот на бакарот, кој како резултат на тоа не се исфрла од организмот и се таложи во црниот дроб, мозокот и други органи. Доколку не се третира, понатаму предизвикува сериозно невролошко нарушување.

Цената за регистрација за штафетната трка изнесува 600 денари по тим. Секој учесник има можност да купи и маичка со лого на настанот по цена од 200 денари. 

Заинтересираните за учество во акцијата може да се регистрираат наследниот линк: https://www.smartrace.club

Секој тим се состои од 2, 3 или 4 учесници и може да е мешан - машки и женски. Вкупната должина што секој тим треба да ја измине е 4000 метри. Трката има и симболичен натпреварувачки карактер во категориите семејство и пријатели или за корпоративни тимови.

Во рамките на настанот ќе се организира и детска штафетна трка на 7 минути за деца до 12 години. Учеството во детската трка е бесплатно.


Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА