17 Декември, 2025
0.0674

Дафина Стојаноска: Талат Џафери даде па одзеде новогодишни пакетчиња, а сапун немаше со месеци

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 11:56

Добивај вести на Viber

Дафина Стојаноска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница за  интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери, го обвини претседателот на Собранието дека тој манипулирал со тендерите на Собранието за време на неговиот мандат.

- Им дадовте новогодишни пакетчиња. Се фотографираа вработените и за половина час им ги зедовте пакетчињата, со месеци немаше сапун во Собранието, рече Стојаноска и за Џафери додаде дека е единствен пратеник кој наплатува патни трошоци по изминат километар и креирал незаконски планови за вработување во 2017 и 2018 за партизација на службата.

Џафери рече дека нема да се симнува на ниво на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, подносители на интерпелацијата за негово отповикување.

- Се е јавно објавено, отворени се информациите, легални се и секој има пристап до тие информации во електронската архива. Талат Џафери мирно спие. 

Џафери претходно како реплика на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се пожали дека своевремено поранешниот премиер Никола Груевски како пратеник му истурил вода па никој за тоа не реагирал од ВМРО-ДПМНЕ.

- Каде бевте кога вашиот поранешен премиер ме поли со вода, кога дојде горе кај мене, рече Џафери, алудирајќи на точката за Законот за употреба на јазиците, кога Груевски истури вода на масата кај Џафери и му го исклучи микрофонот, а за малку ќе дојдеше и до физичка пресметка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски