ДАЛЕКУ СЕ СЛУШНА ЗА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“: Оскар нема, но Македонија доби добра реклама
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2020 06:45
Иако македонскиот документарен филм „Медена земја“ не доби Оскар, сепак придонесе добри вести за нашата земја да одекнат во светот.
Многу луѓе од регионот и пошироко, навиваа за „Медена земја“, и ја сфатијата пораката на хероината Атиџе Муратова. Македонија се испромовира со помош на филмот. Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека секако овој филм ќе му покаже на светот, дека во Македонија има што да се истражува.
„Тоа секако ќе биде позитивно, и ќе придонесе за освојување на нови пазари, и кога ќе почнат туристичките саеми, ќе го потенцираме филмот, да видат дека Македонија е земја каде има што да се види, да се истражува. Филмот секако ќе има маркетиншко влијание“, вели Блажески.
Од Здружението на туристички водичи на Македонија објаснуваат дека одредени придобивки секако ќе има, откако филмот стана познат за поширок аудиториум.
„Можно е луѓето од странство да покажат интерес да го посетат баш тој регион каде е снимен филмот, зошто да не? Сепак тоа е една убава приказна“, додаваат оттаму.
Јустина Млецзак, туристички водич од Полска објаснува дека филмот за неа е неверојатен и честита на целата екипа. За неа „Медена земја“ е една убава, но тешка приказна.
„Значи, според мое мислење тоа е единствената лекција за сите нас, исто така, за туризмот или медиумските работници, дека треба да бидеме внимателни да ги заштитиме ваквите места, таквите луѓе, традиции, затоа што тие навистина можат брзо да станат празен туристички производ. Јас би сакал да им честитам на филмската екипа - тие создаваат неверојатно важна слика. И тоа е моќта во овој филм“, додава водичот.
Производителите на мед изјавија дека филмот го промовирал македонскиот мед, и се надеваат дека тој ќе биде баран надвор од нашите граници.
„Медена земја“ не освои златна статуетка, но освои милиони срца ширум светот.
За најдобар интернационален филм, Оскарот го доби јужнокорејскиот „Паразит“.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




