16 Декември, 2025
0.1238

АКЦИИ НА „APPLE“: ќе продолжи растот кон нов рекорд или ќе се повтори падот од 2012 година?

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2014 08:35

Добивај вести на Viber

Сакате да се обидете во тргување со цената на акцијата на Apple на светската берза и да заработите? FXLider подарува 50 € почетен капитал за успешен почеток во тргување со цената на акцијата на Apple на светската берза, единствена берза на која инвеститорите заработуваат и на раст и на пад на цената на акцијата. Пријавете се и земете 50€ за тргување овде. Акциите на Apple за првпат достигнаа вредност од 100 долари по поделбата на акциите во јуни оваа година. Одлуката за поделба на акциите во однос 7-1 Apple ја донесе со цел акциите на оваа компанија да станат достапни за купување за поголем број инвеститори.  Непосредно пред поделбата, цената на акциите достигна 650 долари. Според мислењето на компанијата, психологијата на ниски цени и поголем број достапни акции ги прави нив поатрактивни, а исто така нуди и поголема флексибилност во идните тргувања. Од јуни, кога оваа одлука стапи на сила, па се до денес, акциите на оваа компанија пораснаа 13.10%.
Врз растот на цената во меѓувреме влијаеја многу фактори. Еден од нив е извештајот кој покажа добро работење во текот на претходниот квартал.  Одличните резултати особено кога е во прашање заработувачката, ги надминаа очекувањата на економистите, што секако позитивно се одрази и врз цената на акциите.   Продажбата на iPhone постигна голем  успех, при што побарувачката за сите три модели оствари значителен раст.  Покрај добриот изглед и идната продажбана растот на цената на акциите секако влијаеше и одлуката на управниот одбор значајно да ја зголеми програмата за враќање на капиталот на акционерите.  Се очекува дека оваа програма до крајот на  2015 година ќе достигне вкупна сума од  130 милијарди долари  во кеш. Покрај тоа, одборот одобри зголемување на кварталните дивиденди за околу 8%“, вели м-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider.
Кога изминатиот пат, во септември 2012 година, цената на акциите достигна рекордно висока вредност од $702.10 следеше голем пад на околу $400 по акција, што претставува пад од околу 40%, и покрај тоа што аналитичарите од  Wall Street прогнозираа раст на $1000.
Овде се поставува прашањето дали акциите на Apple ќе го повторат претходниот циклус или скорашната поделба на акциите во овој нетипичен однос беше еден од обидите да се спречи тоа.  Економистите имаат различни мислења во однос на ова прашање и додека едни повикуваат на претпазливост токму поради претходниот циклус кога после достигнувањето на рекордно високи вредности, цената на акциите имаше остар пад, други сметаат дека моменталната ситуација во која се наоѓа  Apple, е многу поразлична од онаа кога се случи падот. Покрај одличните резултати кои досега ги оствари, компанијата планира да ги зголеми и годишните дивиденди. Со 11 милијарди долари кои ги исплаќа Apple годишно, спаѓа меѓу компаниите со најголема годишна исплата на дивиденди во светот”, вели Никола Димков.
За неколку недели за  Apple ќе започне новата фискална година. Имено, оваа компанија својата фискална година ќе ја започне во септември.  Фискалната  2015 година би можела да биде пресудна за iPhone.
Во зависност од тоа каков ќе биде резултатот од овој квартал, 2015 година би можела да биде прва година во која  iPhone би донел повеќе од  $100 милијарди кога е во прашање приход.  И  2014 одина би можела да го достигне овој праг доколку резултатите од последниот квартал  бидат доволно добри. Следната година се очекува лансирање на  iWatch што дополнително ќе ги зголеми приходите, а одлуката на управниот одбор значително да ја зголеми  програмата за враќање на капиталот на акционерите, исто така ќе допринесе корист за акционерите”, вели Никола Димков.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“