Дали е отворена предистражна постапка за БЕСА?
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2017
Обвинителството за организиран криминал ниту ги потврдува ниту ги демантира информациите за тоа дека отворило предистражна постапка за финансирањето на партијата БЕСА, објави Телма.
Оттаму велат дека поради викендот не можат да дознаат дали можеби вчера пристигнала некаква пријава. Нема информации ни од МВР. Од БЕСА велат дека кај нив засега нема пристигнато никакво барање за ревизија на финансиите.
„Ова сметаме дека за сега е медиумска хајка на ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ против нас, иако не би не изненадило ако мислат дека на овој начин ќе можат политички да се реваншираат. Но, тогаш навистина ќе биде многу лошо“ - велат оттаму.
Според неофицијалните информации, обвинителството отворило истрага и за неколку невладини организации.