13 Декември, 2025
0.0674

ДАЛИ Е ОВА ПРЕДБУЏЕТ, УВЕРТИРА ВО РЕАЛНИОТ КОЈ ЌЕ НИ СТИГНЕ НА МАСА ВО АПРИЛ, МАЈ ИЛИ ЈУНИ? Битиќи вели буџетот е потрошувачки

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2025 08:58

Добивај вести на Viber

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, рече Битиќи.

Загрижува тоа што во тековната година има само 48% реализација на капиталните инвестиции, но вистинското прашање е зошто ги нема толку озборуваните проекти, додаде тој. 

„Дури и направивме меморандум за соработка со Велика Британија во која што ќе ни отворат финансиска рамка од 6 милијарди, а тоа се да не заборавиме проектите во здравство, клинички центар Штип и Скопје. За нив се се издвоени само 3,5 милиони денари“, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања додаде дека со оваа власт задолжувањето на граѓаните и на државата оди во опасна насока, дека власта се обудува тоа да го прикрива и запраша дали се ова реални проекции во буџетот?

Пршање е дали ова е вистина предлог буџет за 2026 или е предбуџет за 2026, увертира во реалниот буџет кој што ќе ни стигне на сите на маса во април - мај или јуни, рече Битиќи. 

„Дали бројките за проекциите за следната година се вистинити? Дали дефицитот на буџетот е вистина 3,5% или 7% или е многу повисок? Дали во проекциите за јавниот долг во 2026 навистина ќе бидат под 60% или вистинскиот јавен долг ќе биде над 70%? Затоа што ако задолжувањето од 1,9 милијарди дојде веќе наредната година во април- мај не може да се скриете дека тоа не е дел од јавниот долг во нашата држава. А 1,9 милијарди на проценет бруто домашен производ е 12%. Владата може да купува време, да не го пријави одеднаш задолжувањето за коридорот 10 од 1,9 милијарди евра, но во 2028 ќе има буџетска дупка од две милијарди, која ќе ја плаќаат нашите деца.“  рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.


Можеби ќе ве интересира

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот