Дали Франција е под голема терористичка закана?
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2016
Режимот на вонредна состојба, воведен во Франција по нападите од 13 ноември 2015 година, не треба да биде продолжуван бескрајно, но терористичката закана останува многу висока, изјави премиерот на земјата, Мануел Валс.
Тој ја коментира денешната изјава на заменик-претседателот на Државниот совет на Франција, Жан-Марк Совето дека вонредната состојба не може да се продолжува бескрајно.
„Тој е во право, но тероризмот останува проблем и оваа закана е огромна"- кажа Валс.
На почетокот на неделата премиерот допушти последователно продолжување на режимот на вонредна состојба. Истиот ден претседателот на Франција, Франсоа Оланд изјави дека властите подготвуваат продолжување на вонредната состојба барем до претседателските избори, кои ќе се во периодот април-мај 2017 година.