28 Ноември, 2024
0.0457

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА СТАНА „ЕКОНОМСКИОТ БОЛЕН ЧОВЕК НА ЕВРОПА“ - расте стравот од долгорочна рецесија во најсилното европско стопанство

Објавено во: Економија 30 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Во германските деловни кругови владее се поголем песимизам. Економијата стагнира, стравот од подолга рецесија расте. Што треба сега да направи „европскиот економски пациент“, како што пишуваат некои странски медиуми?

Расположението меѓу лидерите на германската економија дополнително се влоши во текот на август. Последен пат толку лошо беше во октомври минатата година. Како што соопшти минхенскиот ифо-институт, индексот на деловната клима се намалил од 87,4 поени (мерено во јули) на 85,7 во август годинава. Ова е четврти последователен пад, тврди ifo, врз основа на своето истражување за моменталното расположение во германската економија, во кое испитува околу 9.000 водечки личности во германските компании.

Истражувањето, исто така, покажа дека анкетираните лица го оценуваат доста ниско тековното работење на нивните компании, кое не е забележано од август 2020 година. Скептицизам владее и во однос на нивните очекувања за иднината.

Во преработувачкиот сектор, индексот на ифо-институтот за идните деловни проекции беше негативен за прв пат од октомври 2020 година. Компаниите се жалат на се помалку нови нарачки, односно нови работни места кои ќе ги реализираат. Бизнис климата забележливо се „лади“ и во услужниот сектор.

- Слабоста на индустријата го влече надолу и транспортниот и логистичкиот сектор, рече претседателот на Ифо-институтот Клеменс Фуест.

Негативен развој бележи и градежната индустрија.

- Новиот пад на индексот ифо на деловната клима е како удар во стомакот, изјави главниот економист на VP банка Томас Гицел.

Вишокот на нарачки што индустријата ги имаше за време на пандемијата на коронавирус во меѓувреме е остварен, а приватните домаќинства сè уште се принудени да штедат пари поради инфлацијата, додава Гицел.

- Ако не можеме да очекуваме нови импулси ниту од индустријата, ниту од приватните домаќинства, тоа може да значи дека германската економија и понатаму ќе биде во неволја, посочи тој.

Сè повеќе работи ја поддржуваат тезата дека стагнацијата на економската активност во текот на пролетта оваа година беше само одмор пред враќањето на рецесијата, потенцира аналитичарот Елмар Волкер од Ландесбанк Баден-Виртемберг.

- Четвртиот последователен пад на индексот на деловната клима ifo испраќа јасен сигнал за рецесија, изјави главниот економист на Commerzbank, Јорг Крамер.

Во втората половина од оваа година тој очекува економски пад во Германија.

Стагнација во вториот квартал

Германската економија забележа пад кон крајот на 2022 и почетокот на 2023 година, со што влезе во техничка рецесија. Пролетта стагнираше. Податоците на Федералниот завод за статистика штотуку ја потврдија таа стагнација во вториот квартал од оваа година.

Лошиот економски развој по двата благи минуси во последниот квартал од минатата година и првиот квартал од годинава на тој начин донекаде се стабилизира, но експертите нагласуваат дека традиционалното пролетно заживување на деловните активности изостана и додаваат дека економските прогнози за наредните месеци се уште се прилично слаби.

Бундесбанката (Централната банка) претпоставува дека економскиот развој би можел да биде на исто ниво во тековниот летен квартал и, како и во пролетните месеци, тоа значи дека стагнира. Бројни аналитичари прогнозираат пад на БДП во Германија за цела 2023 година. Државната банка KfW очекува минус од 0,4 отсто.

Како што е официјално потврдено, потрошувачката донекаде закрепна во пролетниот квартал, добрата вест е што повеќе не се намалува. И покрај високата стапка на инфлација, расходите на германските домаќинства останаа на нивото од првиот квартал од 2023 година. Истовремено, извозот од Германија е намален за 1,1 отсто. Увозот, пак, стагнира.

Дали Германија е „болна“?

Во своето неодамнешно издание, британскиот весник „Економист“ на својата насловна страница праша „Дали Германија е повторно болниот човек на Европа?“. Еден влијателен деловен весник еднаш точно ја опиша ситуацијата во Германија пред 20 години.

- Германија не е пациент на Европа. Имаше само златна економска деценија, а денес веќе не е многу конкурентна на глобално ниво“, вели Марсел Фрацшер, претседател на германскиот институт за економски истражувања.

Тој предупреди дека Германија многу добро би можела да стане „болна“ на Европа ако сега не ги користи паметно своите капацитети за да постигне напредок во однос на еколошката, дигиталната и економската трансформација.

Фрацшер бара од федералната влада да усвои трансформациска програма со три елементи.

„Намалувањето на бирократијата и регулативата со масовни инвестиции во одлична инфраструктура, државни инвестиции во иновации, истражување и образование и зајакнување на социјалните системи за да може Германија подобро да го искористи својот потенцијал и на тој начин да создаде социјална клима во која промените се прифатливи“, објасни Фрацшер.

Германија е „кочница“

- Нашата земја веќе не е локомотива на раст, туку кочничар, како најголема национална економија во Европа, изјави претседателот на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Петер Адријан.

Тој забележува цела низа фундаментални проблеми - високи цени на енергијата, се поголем проблем со недостиг на квалификувана работна сила, дефицитарна инфраструктура.

- Доброто е што овие проблеми можат да се решат. Време е да го започнеме решавањето, изјави Адријан.

Како мерки предложи намалување на бирократијата и забрзување на процедурите за одобрување работни места, односно инвестиции.

Извор: Дојче Веле, Блиц бизнис

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци