08 Мај, 2024
0.0310

ДАЛИ ИМА ПРИСУСТВО НА ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО? Морам да прифатам дека има „фрапантно добри вредности“-д-р Давидовски за Фактор

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

И четири дена по големиот пожар кој избувна во складиштето на фабриката Пофикс која произведува градежни, граѓаните на Тетово велат дека се чуствува и лошата миризба во воздухот, особено во вечерните и утринските часови, а по подолго изложување на отворен простор, некои од нив чуствуваат и гребење во грлото.

Неколку дена пред пожарот, и на самиот ден на големиот инцидент, мониторинг станицата на Министерството за животна средина немаше податоци за квалитетот на воздухот во Тетово, но веќе од вчера, вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички во воздухот се „фрапантно добри“, вели д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за Јавно здравје.

-И јас се чудам како може да има толку добри вредности. Моето долгогодишно искуство ми кажува нешто друго. При таков пожар да има такви добри вредности е навистина чудно. Не можам да сфатам како е возможно, но морам да ги прифатам вредностите што ги покажува мониторинг станицата на Министерството за животна средина. Не знам дали има присуство на тешки метали во воздухот, сметам дека би требало да има, тоа го знам од долгогодишното искуство во оваа област. Таму гореше пластика, таму гореше лим, метал, од тоа излегува кадмиум, излегува никел, бензени, но тие параметри не ги знам, вели за Фактор д-р Давидовски. Здравјето на граѓаните не Тетово, како што посочува д-р Давидовски, со самото присуство на миризбата по пожарот беше загрозено.

-Нас ни беше социјалната комоција загрозена и тоа претставува ризик по здравјето на населението. Навистина беше ужасно, мирисот беше страшно остар. Многу граѓани ми се јавуваа, дадов совети на сите, на родителите им препорачав да не ги пуштаат децата во училиште. Инаку, во Македонија имаме две мобилни мониторинг станици и навистина за мене претставува голема дилема зошто барем едната не беше донесена тука во Тетово кога изби пожарот да ги мери вредностите, вели д-р Давидовски.

Иако одговор нема дали во воздухотг во Тетово има присуство на тешки метали, граѓаните алармираат и понатаму за гребење во грлото и неподнослива миризба. Во разговор за фактор посочуваат дека овие денови повеќе ги носта маските отколку кога беа потребни за заштита од корона вирусот.

-Велат да не се крева паника, но во Тетово уште се забележува како димна завеса. Едноставно сончевите зраци не може да пробијат како што треба. Летно време не може да се отвори прозорец, врата, да се поседи во двор. Се чувствува таа лоша миризба. Во утринските часови, еве конкретно јас имам некое гребење во грлото, почувствителна сум и заради алергиите во овој период, така што посебно го чувствувам загадувањето по пожарот, вели Сара И. од Тетово.

Општина Тетово од неделата, односно по поплавите и по пожарот во Пофикс ги стави во функција сите ресурси и човечки и материјални за санирање на состојбите, заради што бараат проширување на капацитетот на ТППЕ и по бројот на вработени, како и со потребните средства што ги има, бидејќи, како што посочуваат од таму, тие се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општин. Побарано е и од Министерството за животна средина директен пристап до тековните податоци за квалитетот на воздухот, или носење на мобилен уред за оваа намена.

Анита Буховски

ФОТО: ФБ/Print Screen

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

„СПИРО РИСТОВСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕРЕНАШИ ВО ИЕ 6“: Дафина му се заблагодари заради помошта

„СПИРО РИСТОВСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕРЕНАШИ ВО ИЕ 6“: Дафина му се заблагодари заради помошта

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите