22 Ноември, 2024
0.0279

Дали македонските работници се попродуктивни во странство?

Објавено во: Економија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани кои работеле во странство, но и од агенциите кои носат работници во други земји, велат дека нашинците таму се попродуктивни, поoдговорни кон работата, затоа што во спротивно ризикуваат да бидат казнети или да го изгубат ангажманот.

Објаснуваат дека во текот на работното време, точно е регулирано колку трае паузата, а секое доцнење на работа или неизвршување на обврските си носи последици. Љупчо Георгиев од фирмата „Изгрев инженеринг“ од Велес која ангажира работници надвор од земјава, објаснува дека работното време таму е 8 часа, на работниците им следува половина час пауза, а самата подготовка за работа, патувањето до работното место или заминувањето, не се сметаат како дел од работното време.

„Работниците се попродуктивни затоа што таму сè е регулирано со казни, а ако не ги почитуваат правилата, прописите, законите, можат да ја изгубат работата и да бидaт вратени назад“, рече Георгиев.

Тој додава дека кај нас работниците се однесуваат поопуштено, затоа што општата атмосфера е таква во државата, платите во многу сектори се ниски, но и навиките од претходниот систем си имаат удел. Георгиев е со став дека ако македонските работници бидат попродуктивни на работните места во земјава, секако би било подобро за нив и би земале повисоки плати.

Друг посредник кој носи сезонци во Хрватска, објаснува дека тамошните газди плаќаат, но и си бараат посветена работа.

„Газдите обезбедуваат и сместување со цел работниците да бидат поблиску до работното место, за да бидат попродуктивни. Пропуст или доцнење може еднаш да се толерира, но веќе вторпат работникот можат да го вратат дома.  Едноставно, си бараат посветена и квалитетна работа. Тие живеат за таа сезона од неколку месеци, така што во мај или септември не е ударно, нема толку гости, а со тоа нема ни некој голем обем на работа“, додава посредникот.

Тихомир Давчев кој работи во Оман вели дека во текот на работниот процес има пауза за ручек.

За цигари не баш, бидејќи скоро никој не пуши тука и не смее да пуши на работа ниту пред зграда. Оманците велат дека пушењето не дава ништо полезно, а и не изгледа убаво, посебно за жените. За продуктивноста не се зборуваше многу тука, но сега се воведуваат performance management systems и ќе се мери“, изјави Давчев.

Според податоците на Евростат за 2022 година, македонските работници се едни од најмалку продуктивните во Европа заедно со српските, албанските, турските, црногорските работници. 


Најпродуктивни на европско тло се работниците во Ирска, Луксембург,  Белгија. На просторот на поранешна Југославија, Словенците се најпродуктивни. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите