08 Октомври, 2024
0.0313

ДАЛИ ОБЕЗБЕДУВАШЕ ПОДДРШКА ЗА СВОЈОТ РЕИЗБОР - има ли судир на интереси во новата кандидатура на Фон дер Лајен

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Именувањето на европратеникот Маркус Пипер од редовите на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ) за нов претставник на ЕУ за мали и средни претпријатија (МСП) предизвика реакции во одредени кругови на Унијата, кои изразија загриженоста за потенцијален судир на интереси на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со ова назначување. 

Пипер, кој е релативно малку познат во пошироката јавност, но важи за доста влијателен во рамките на Европскиот парламент, имајќи ја предвид неговата функција на секретар на пратеничката група на ЦДУ, за претставник на ЕУ за МСП беше именуван на 31 јануари. 

Неговото тогашно именување беше сметано како рутинско, но по официјалната кандидатура на Фон дер Лајен за втор мандат на чело на Еврокомисијата, се појавија реакции околу мотивите за назначувањето на Пипер. 

Дел од нив одат во насока дека целта на именувањето на Пипер било Фон дер Лајен да обезбеди поддршка за својот реизбор од нејзината матична партија ЦДУ, која е членка на десноцентристичката Европската народна партија (ЕПП). 

Според европратеникот Кристоф Грудлер од редовите на францускиот Демократско движење (МоДем), кое е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), смета дека станува збор за политичка игри пред евроизборите и „наликува на мал договор меѓу пријателите во ЦДУ“. 

- Ова укажува на обид да се зголеми германското влијание во Европската комисија, оцени Грудлер во изјава за „Еурактив“. 

Европските либерали обвинуваат дека во последните недели и месеци има прераспределба на поединци поврзани со ЦДУ и ЕПП на позиции во Еврокомисијата, што се оценува како обид на Фон дер Лајен за консолидација на нејзината внатрепартиска поддршка. 

Оваа не првпат либералите да обвинуваат за партизација на ЕК од страна на ЕПП, па дури и во предлог-изборната програма за евроизборите на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) се користи формулацијата „Европска комисија предводена од Европската народна партија“, во која приоритет се става на „поддршката на малите и средните претпријатија на сметка на големите компании“. 

АЛДЕ посочува и дека „Европската комисија предводена од Фон дер Лајен“ создала „премногу администрација“ која ги оптоварува малите бизниси, ветувајќи „намалување на административните оптоварувања и бирократијата“.  

Инаку, заложбата за „намалување на бирократијата“ е и меѓу приоритетите во предлог-изборниот манифест и на ЕПП.  

Дополнителни сомнежи околу именувањето на Пипер предизвикаа информациите дека две од останатите кандидати за функцијата, Чехинката Мартина Длабајова и Швеѓанката Ана Стелингер, добиле повисоки оценки од него од страна на советодавните комисии во процесот на селекција. 

Либералите посочуваат и дека одлуката за именување на Пипер бил донесена без присуство на еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Бретон, кој на функцијата е именуван на предлог на водечката партија во РЕ, Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон. Неофицијално, Бретон се залагал на местото претставник на ЕУ за мали и средни претпријатија да биде именувана Длабајова, европратеничка од редовите на чешката членка на РЕ, Акција на незадоволните граѓани (АНО).

Фото: Вангел Тануровски/Фактор

Можеби ќе ве интересира

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување