16 Декември, 2025
0.1266

Дали пандемијата ја „убива“ празничната еуфорија?

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2020 06:58

Добивај вести на Viber

Празнувањето за некои поединци може да биде релаксација и радост, а за други извор на стрес, нервоза и раздразливост, вели психологот Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центарот „Синтеза“ од Прилеп,  за празнувањето на Нова година и Божиќ во време на пандемија, нешто со што прв пат се соочуваме.

Таа вели дека дочекот на Нова година го гледа како индивидуален избор, и се надева дека оваа година тој ќе биде прилагоден на ограничувањата.

„Помеѓу луѓето во мојата средина повеќе забележувам насоченост кон домот и најблиските. Спокојот доаѓа од намалениот притисок дека треба да биде еуфорично, позитивно и да придонесе за промени кои не се случуваат преку ноќ“, рече Стојковиќ Трајкоска.

Таа објаснува дека пандемијата донесе многу промени во нашите животи, на професионален, личен и социјален план. Веќе неколку месеци луѓето се соочуваат со низа предизвици кои ги донесе новата состојба.

„Заканата од заразата со коронавирусот предизвика страв и неизвесност кој варира со различен интензитет кај различни поединци и влијае врз нивното живеење и психичко здравје. Состојбата на пандемија предизвика низа стресни реакции ( несоница, чувство на намалена сигурност, зголемена вознемиреност, анксиозност), здравствено ризични однесувања (зголемена употреба на цигари, алкохол, седативи, наркотици). Психолошкото влијание развива симптоми на пострауматски стрес, анксиозни и депресивни пореметувања. За жал негативните последици врз менталното здравје влијаат на многу луѓе и траат подолго од последиците врз физичкото здравје. Како најранлива категорија би ги издвоила адолесцентите, каде социјалната изолација влијае на креирањето на смислата на нивниот живот, затоа што социјалните контакти се значајни за нивниот правилен развој на личноста во тој временски период. Потребно е да бидеме повнимателни со нив во овој период, да им дадеме повеќе поддршка во овој период за нормализација на нивните емоции“, вели психологот.

Таа додава дека овој период на ограничени социјални контакти за одреден дел од луѓето имал и позитивно влијание, затоа што ја постигнале својата рамнотежа и се посветиле повеќе на домот и семејството.  Како што вели психологот, тие луѓе ја нашле удобноста меѓу отворениот и затворениот простор. Стојковиќ Трајкоска објаснува дека пандемијата ќе направи големи промени на нашето живеење во иднина, а таа помогна да осознаеме многу работи за себеси и околината.

Оваа година нема да има дочеци за Нова година, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, кој мутираше и дополнително внесе паника и страв кај нас, во Европа и во светот. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење