18 Декември, 2025
0.0715

ДАЛИ СЛУЖБЕНИТЕ КОЛИ ТРЕБА ДА РАБОТАТ ДОДЕКА ГРУБИ ДАВА ИЗЈАВА - вицепремиерот ги повика новинарите да ги ловат функционерите дали штедат енергија

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2022 12:37

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Артан Груби денеска порача дека институциите треба да бидат пример за штедење и на струја и на сите државни ресурси. Уверува дека владините институции прават максимални напори за заштеди во услови на економско-енергетската криза, пренесе МИА.

Груби при посета на општина Арачиново на прашање на новинарите дали службените автомобили треба да работат додека тој дава изјави рече дека тоа не треба да се прави и повика да се пријави секое непочитување на мерките за штедење.

-Не знам кои автомобили работат, не сум возач. Апсолутно не треба да работат. Сметам дека сите граѓани и посебно институциите најпрво и челниците на институциите треба да бидат пример за штедење и на електрична енергија и на сите државни  ресурси, рече Груби.

Тој апелираше до новинарите секојдневно да ги проверуваат сите институции, почнувајќи од Владата, Собранието, министерства, кои мерки за штедење ги применуваат согласно со владината одлука што стапи во сила од први септември.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери