21 Септември, 2024
1.1362

Дали треба да им „виси“ мандатот на градоначалниците и на другите избрани функционери?

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

За разлика од Законот за локална самоуправа од 1996 година во кој имаше законска одредба со која беше предвидена постапка за отповикување на градоначалници, во Законот за локалната самоуправа од 2002 година таа одредба беше избришана и практично од тогаш до денес граѓаните немаат законска можност за покренување постапка за отповикување на градоначалници или на други избрани функционери во земјата.

Оваа состојба им дозволува на градоначалниците, како и на другите директно избрани функционери во државата (пратеници, претседател на Република, општински советници итн.) прилично комотна состојба во својот мандат од четири, односно пет години без конкретна политичка одговорност во случај кога функционерите не го извршуваат ветеното во изборната програма, или во случај кога вршат работи за кои воопшто не добиле мандат. Немањето политичка одговорност на избраните функционери доведува до опасност од „залежување“ на градоначалниците, пратениците и другите директно избрани функционери без да се грижат многу за граѓаните и нивните потреби.

Секој избран функционер треба да може да биде отповикан

Професорката Тања Каракамишева-Јовановска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје смета дека секој избран функционер треба да подлежи на институтот отповикување, односно овој институт мора да биде достапен за граѓаните кои секогаш треба да го имаат последниот збор. Ова свое мислење го поднесе при подготовката на извештајот на Венецијанската комисија посветен на отповикувањето на локалните функционери, во чија што работна група таа учествуваше со уште два експерта од комисијата.

„Постојат различни причини за засилена поддршка на овој инструмент во секоја одделна држава. Од една страна, во транзициските демократски држави како главна причина за примена на отповикувањето сè уште се смета силно изразената потреба на гласачите да чувствуваат дека го имаат последниот збор во управувањето со јавните политики и со државата. Од друга страна, во државите со традиционално изразена демократска традиција, на отповикувањето се гледа како на дополнителна можност граѓаните да влијаат врз процесите на разбивање или ослабнување на одредени интересовни групи со силна политичка или економска моќ во државата. И во првиот и во вториот случај, отповикувањето ја следи главната линија на размислување дека граѓаните се или треба да бидат последниот фактор, крајниот арбитер кој треба да одлучи дали избраните функционери треба да останат или треба да заминат од избраните позиции. Ако граѓаните проценат дека избраните функционери работат и дејствуваат одговорно, и не ја злоупотребуваат функцијата, а што се цени како интерес на граѓаните, тогаш тие ќе останат на позициите. Во спротивно, ќе бидат принудени да заминат од функцијата“, оценува проф. д-р Каракамишева Јовановска.

Европските градоначалници на штрек

Мандатот на градоначалникот може да биде прекинат единствено во случаи кога е фатен во вршење кривично дело или во случај на смрт. Ако прекине мандатот на избраниот градоначалник, вонредни локални избори се распишуваат по шест месеци, а ако рокот до следните редовни избори е помал тогаш вршителот на должноста градоначалник ќе го заврши мандатот до крај.

На европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување градоначалници, како примерот со Хана Гронкиевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа се одржа локален референдум за отповикување на градоначалникот на Кишењев, а во 2015 година по предлот на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон во парламентот се усвои механизмот за отповикување во Обединетото Кралство.

Неколкуте отповикувачки референдуми што се случија во Европа ја разбрануваа експертската и пошироката јавност, како и меѓународните организации да отворат јавни дебати околу потребата од постоење и активирање на отповикувањето. 

Изборна култура или хаос?

Локалните избори во изминатите циклуси беа обележани и со инциденти, влијание на „локални шерифи“, поткуп на гласачи, насилие. Градоначалничките фотелји се силно посакувани и борбата за локалната власт некогаш е и пожестока.

Воведувањето на систем на „предвремени локални избори“ по иницијатива на граѓаните односно самите избирачи во општината може да ја разгори политичката и партиската битка, но и да доведе до злоупотреби со оглед на ниското ниво на политичка и изборна култура.

„Како аргументи што одат во прилог на отповикувањето сè се почестите размислувања кои одат на линија дека избраните претставници во процесот на донесување одлуки во системот стануваат маргинализирани поради недостаток од компетентност за функцијата, како и поради недостаток на етика во дејствувањето. Електоратот најчесто ги избира претставниците врз основа на одредена партиска платформа или програма без да ги знае индивидуалните способности и капацитети на избраните политичари. Многу често, избраните претставници кога ќе стапат на функцијата не се придржуваат до партиската програма, туку работат во согласност со своите интереси и видувања. Токму поради оваа причина, отповикувањето на избраните претставници треба да постои како механизам за отстранување на оние политичари кои застраниле во дејствувањето, и кои не водат сметка за интересите на електоратот што ги избрал“, смета проф. д-р Каракамишева Јовановска.

Како би се спровело отповикувањето?

Ако се воведе отповикување главен фактор на одлучување ќе станат гласачите кои може да покренат иницијатива со собирање одреден број гласови и преку формална процедура да започне процес за предвремено завршување на мандатот, на пример, на одреден градоначалник, пратеник, советник и слично.

Доколку иницијативата ги исполни условите може да се распишат т.н. отповикувачки избори со кои гласачите може предвремено да го завршат мандатот на избраниот функционер,

„Избирачите стануваат главен фактор и во давањето и во одземањето на јавната функција со што практично се минимизира влијанието на партиите, од една, а се зголемува влијанието на електоратот врз избраните претставници, од друга страна. Кога знаат дека можат да бидат отповикани, избраните функционери се повеќе сконцентрирани да работат во интерес на граѓаните од својата изборна единица, или во согласност со својата совест, а не според доставените партиски директиви. Вообичаено, бројот на потребните потписи за покренување постапка за отповикување треба да биде во пропорционален сооднос со бројот на гласови што функционерот ги има добиено на последните избори за избраната функција. Ако е собран потребниот број валидни потписи, тогаш постапката продолжува во втората фаза, односно најнапред се става на референдум прашањето за кое избирачите се изјаснуваат со „за“ или „против“ отповикувањето на самото гласачко ливче, и второ, ако мнозинството гласачи се изјаснат „за“ отповикувањето, тогаш изборот на нивен заменик може да биде направен или по пат на „второ прашање“ на самото гласачко ливче за отповикување на референдум, или преку дополнителни избори“, заклучува проф. д-р Каракамишева Јовановска.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“