Дали верувате во реинкарнација? 4 знаци дека ова не ви е прв живот на Земјата!
Објавено во: Мои пари 19 Јануари, 2015 21:54
Ако ви требаат само неколку минути разговор да ги воочите особините на соговорникот, тоа говори дека со таков тип на луѓе веќе сте се сретнале во претходниот живот.
Многу луѓе воопшто не веруваат во ваквите работи, но постојат неколку научни докази за постоењето на реинкарнација. Исто така, експерт за духовна наука и метафизика, Стивен Банкарс, вели дека лесно може да препознаете дали веќе сте живееле некој друг живот, односно дали веќе сте се реинкарнирале - пренесува „Spiritscienceandmetaphysics“.
1. Лесно читате луѓе
Доколу ви се доволни само неколку минути разговор да ги воочите особините и сфатите начинот на живот на соговорникот, тоа говори дека со таков тип на луѓе веќе сте се сретнале во претходниот живот. Дали ви е познато чуството кога некој едноставно ви е антипатичен и не ви се допаѓа неговото присуство? Можно е во претходниот живот да сте имале лошо искуство со таков вид на луѓе.
2. Уживате во самотијата
Среќни сте сами со себе и ја сакате осаменоста? Со задоволство сами би седеле цела ноќ и би ги набљудувале звездите отколку да одите на журка? Тоа е затоа што не ви е потребно друштво за да се спознаете или потврдите самите себе. Вашата вредност доаѓа од врската со вас самите и вашата духовност.
Меѓутоа, кога прв пат сте на овој свет, прво учите како да создадете живот за себе. Но, кога веќе сте „патувале“ неколку пати, знаете како функционирате и сте си доволни сами на себе.
3. Не се вклопувате
Каде и да одите - штрчите. Училиште, работа, семејно опкружување ... Тешко ви е на сила да водите безначајни разговори, да се однесувате според некои правила? Можно е во претходниот живот веќе да сте се обиделе да се вклопите, но ви било чудно и непријатно па во овој живот се откажавте. Вам не ви требаат слава, социјален статус, пари, туку за вас најубаво е кога се развувате духовно.
4. Вашата душа еволуирала
Луѓето сакаат да слушнат совет од вас, дури иако сте можеби помлади од нив. Го почитуваат вашето мислење бидејќи сте помудри и имате одлична интуиција за вашите години. Не се вообразени поради тоа, туку луѓето во вас гледаат разбирање и одличен пристап на животните предизвици во однос на просечните луѓе. Можеби затоа повторно сте тука - да им помогнете на другите.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




