15 Мај, 2024
0.0383

Дали знаете која е најголемата измама во европското банкарство?

Објавено во: Свет 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Како мозок на нaјголемата измама во историјата на банкарството  во Европа, ќе биде запаметено името на Жером Кервиел, вработен во втората по големина банка во Франција „Ѕociete general“. Тој е обвинет за финансиска малверзација  на 4.9 милијарди евра капитал на  берза. На прв поглед, за него не би можело да се каже дека се работи за човек со големи амбиции, а не за човек кадар за измама. Жером Кервиел (31) бил „низок„ службеник со годишна плата од 100.000 евра. Колегите го опишуваат како „слаба личност„ без некој посебен талент, кој имал фамилијарни проблеми (имал смртен случај во фамилијата) и една година не бил на одмор. Претставниците на синдикатот го опишуваат како„ малку да забегал„ во паметот, но неговиот професор го карактеризира како брилијантен студент. Се претпоставува дека Кервиел сакал  да ја импресионира управата и да  постигне спектакуларни резултати во работењето. Тој признал дека се кладел на движењето на берзанскиот индекс со голем сума на пари кои тој неовластено ги користел. Во суштина, тој самиот бил  свој контролор, а тоа знаење го стекнал додека работел во одделението за безбедност  во  банката. Акциите со кои тој тргувал  паднале до таа точка, што тој не можел тоа да го сокрие. Шефовите на банката не сакале одма да ја обелоденат оваа измама. За се се дознало после шест дена. Овој скандал бил удар и врз францускиот претседател во тоа време, Никола Саркози, чија што влада во тоа време имала и други проблеми. „Ѕociete general“  е банка чии корени датираат од времето на  владеењето на Наполеон трети и важи  за столб на францускиот финансиски систем поврзан со политичката елита во Париз. Со оваа измама банката останала без заработувачка од една година. Кервиел добил казна затвор од 5 години.

Можеби ќе ве интересира

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?