Данела Арсовска ја поднесе иницијативата за враќање на името на улицата во Чаир, но ќе ѝ треба Бадентер
Објавено во: Македонија 15 Август, 2023 20:14
Не стивнуваат реакциите за улицата Втора македонска бригада која е преименувана во Адем Демачи. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поднесе иницијативата за враќање на името на улицата Втора македонска бригада во Чаир, но ќе ѝ треба Бадентер.
Како и што најави вчера, градоначалничката денеска во Советот на Градот поднесе иницијатива за враќање на името на улицата Втора македонска бригада, откако врз одлука на градскиот совет од март 2021 година, на Општина Чаир ѝ беше одобрено оваа улица да ја преименува во Адем Демачи. Претседателот на Советот Трајко Славески денеска иницијативата ја проследил до Комисијата за именување патишта, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, која треба да се изјасни за предлогот.
Арсовска очекува градските советници да ја исправат неправдата кон борците од Втора македонска бригада од кои повеќето ги дадоа своите животи во борбите против фашистичките окупатори за слобода на Македонија. Седницата е закажана за 31 август.
Според екс градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, прекршочните пријави за градоначалникот на Тетово, Билал Касами и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу се поради притисок од српската антиалбанска политика. Државните симболи не беа испочитувани при посетата на косовскиот премиер Албин Курти во овие две општини.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




