17 Мај, 2024
0.0301

Дебата: Усогласеност на законите со подзаконската регулатива

Објавено во: Економија 18 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Потребно е да се направи разлика помеѓу проект и елаборат, за негово реализирање треба да се  усогласат законските со подзаконските акти со што ќе се  создадат предуслови за да се избегнат недоразбирањата меѓу инвеститорите и проектантите при реализација на нивните обврски.

Ова денеска беше констатирано на дебатата за „Усогласеност на Законите со подзконската регулатива“  во делот на правилници, проекти-елаборати, овластувања или лиценци и надлежност, во организација на Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) и Министерството за економија.

-Во законот се дефинирани определени обврски кои што се разработуваат во правилниците но ние заклучуваме дека има определена неусогласеност и предлагаме да се усогласат. Не е расчистено меѓу поимите проект и елаборат, кои се нивните овластувањеа и што треба едно на друго да претходи особено со измените во законот за енергетика, истакна претседателот на МАЦЕФ Константин Димитров.

Според Димитров донесените правилниците за енергетски контроли и енергетска ефикасност на зградите треба да се усугласи со законот за градење и да се предвиди дали тоа ќе биде проект или елаборат.

- Во законот се вели дека треба да има проект за заштита за пожар додека подзаконскиот акт вели елаборат за заштита од пожар и во финалната документација што ја добиваме стои основен проект-елаборат за заштита од пожар што е неусогласено бидејќи елаборатите се подготовка за проектот, рече Димитров

Според Даме Димитровски од Машинскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери  засега се справува со проблемите околу неусогласеноста на законските и подзаконските регулативи, и ги спроведува  елаборатите за енергетска ефикасност но потребно е нивно усогласување за успешно справување и градење на објекти

-Инженерите имаат пракса и покрај не донесена добра регулатива да се водат по некое повисоко ниво, доколку во Македонија не постои стандард за некоја област тие се водат по стандарди од околните земји каде што тоа е подобро регулирано во делот на униформирање на целиот елаборат, рече Димитровски.

На дебатата имаше претставници од министерствата за економија, животна средина и просторно планирање и транспорт и врски  како и  претставници на инженерски здруженија, проектантски организации академски институции, каде што ги претставија своите искуства околу проблемот кој се јавува со неусогласеност на законската со подзаконската регулатива и предлози за успешно справување.

Дебатата претставува финален настан со кој се заокружува манифестацијата „Недела на енергетика Македонија 2013“ во организација на МАЦЕФ која традиционално се одржува по 9. пат во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА