17 Декември, 2025
0.0590

Дејвид Камерон не планира да остане премиер на Велика Британија по 2020 година

Објавено во: Свет 24 Март, 2015 11:51

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјавил за „BBC“ дека нема да остане на функцијата за трет мандат, ако Конзервативците победат на изборите и во 2020 година.

Камерон наведе тројца можни свои заменици, правејќи долгорочни планови - министерот за внатрешни работи Тереза Меј, министерот за финансии Џорџ Озборн и градоначалникот на Лондон Борис Џонсон.

„Изјавив дека ќе останам на функцијата за целиот втор мандат, но сметам дека потоа ќе дојде времето за ново лидерство“, изјавил Камерон.

На прашањето дали предвидува можност да остане надвор од политичката сцена по неуспех на изборите, премиерот коментирал дека „ќе се најде нешто друго што да прави“ и се надева дека ќе продолжи да биде пратеник во британскиот Дом на општините.

Како одговор на неговите изјави, лабуристите изјавиле дека „Камерон ја прифаќа поддршката од гласачите“ под услов да ја разгледа можноста за трет мандат.

„Типична за Дејвид Камерон е ароганција да размислува за трет мандат на Конзервативците по 2020 година, пред Британците да дадат својот глас на претстојните избори оваа година“, коментира опозицискиот министер за надворешни работи во сенка, Даглас Александер.

„Изјавата на Камерон ќе ја испровоцира долгоочекуваната граѓанска војна во Конзервативната партија во однос на Европа“, прогнозираат од „Партијата на независноста на Обединетото Кралство“ (UKIP).

„Не само што ова изјава ќе доведе до долга трка за лидерство во партијата, но и ќе ја испрати до гласачите порака дека ако го поддржат премиерот сега, тој нема да продолжи напред докрај, како други британски лидери предходно“, коментира поранешниот политички уредник на „BBC“ Џејмс Ландеил.

На бранот од критики Конзервативците одговорија дека коментарите „прават од мувите слон“, а „премиерот едноставно е запрашан на директно прашање, на кое има дадено искрен одговор“.

Дејвид Камерон беше избран за лидер на Конзервативната партија во 2005 година и стана премиер во 2010 година во коалициското управување заедно со Либералните демократи.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави