Дел од Ѓорче Петров утре без струја
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2013
Дел од улиците „Веле Марков“ и „Рафаело Батино“ и комплексот фирми во поранешен Жито-Лукс во општина Ѓорче Петров утре ќе останат без струја.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 8 часот и 30 минути до 12 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.