19 Декември, 2025
0.0479

Дел од наградниот фонд на „Среќно семејство“ отиде и кај настраданите од поплавите

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2014 18:49

Добивај вести на Viber

Паричните награди од првото издание на награднaта игра „Среќно семејство“ на ЕВН Македонија беа донирани за хуманитарни организации во земјава и за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Семејствата на познати личности низ различни игри се натпреваруваа за награден фонд од 300, 500 и 1000 евра. Победници во првото издание на играта беа семејството на Новица Василевски и Татјана Лазаровска кои се натпреваруваа за интернатот „Гoце Делчев“ од с. Љубанци, второто место го освои семејството Црнокрак кое се натпреваруваше за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД аспергеров синдром „Во мојот свет“- Скопје, а за Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје се натпреваруваше семјството на Авни Ќахили. ЕВН Македонија двојно го зголеми наградниот фонд од играта со што дополнителните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. ЕВН дополнително ќе испрати помош за настраданите во поплавите со вклучување во акциите на Стопанската комора на Република Македонија. Наградната игра „Среќно семејство“ се емитува на ТВ Алфа секој втор понеделник во 19:15 часот веднаш по завршувањето на централниот дневник. Истиот ден емисијата се емитува и на ТВ Алсат во 22:15 часот на албански јазик. Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот. Секое семејство е потенцијален учесник. Се’ што треба да направите е да ја платите сметката за електрична енергија и да очекувате да бидете извлечени, информираат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година