19 Декември, 2025
0.0637

Делчевските ниви продадени за 1,6 милиони евра, ОЈО бара притвор за шестмина

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2022 11:05

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје започна со спроведување истражна постапка против седум лица за случајот „делчевски ниви“, а побара притвор за шестмина од нив. Синоќа беше објавено дека седуммина се уапсени по пријава од Управата за финансиска полиција, од кои двајца своевремено биле раководители во ЕВН Електрани и преку компанијата овозможиле купување на земјиште за 40 пати поголема вредност од реалната за инсталирање на фотоволтаици.

Двајца се осомничени за измама, додека останатите се осомничени за помагање при извршување на кривичното дело. Управителите со намера за  друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда  членовите на управниот одбор на оштетено правно лице, а потоа и овластеното лице во правното лице да извршат незаконита исплата.

„Правното лице, врз основа на склучените договори, за недвижност – земјоделско земјиште од 5, 6, 7 и 8 класа, со вкупна проценета пазарна вредност од 2.146.723 денари, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите изнесува околу 97.284.337 денари и претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените“, објави ОЈО.

Во случајот управители, според медиумски информации, се Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Гиевски, кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бил разрешен од позицијата пред околу 3 месеци, а Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, се уште е вработен. Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски -Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево.

Третоосомничениот помагал да се реализираат трансакциите, додека останатите четворица се во случајов продавачи на земјиштето на компанијата која е во сопственост на австриски акционер.

„Оценувајќи дека постои опасност за влијание врз сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за една осомничена се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска на осомниченaтa да се јавува  повремено  на определено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со одредени лица“, дополнува обвинителството.

Управителите не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки и не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат. Притоа намерно исклучиле дел од вработените лица кои поради нивната стручност било задолжително да бидат вклучени во постапката, а на дел од  вработените им дале директни наредби и насоки за изготвување на cost benefit анализи за исплатливоста на инвестицијата, вметнувајќи невистинити податоци и прикривајќи ја реалната состојба. 

„Врз основа на лажните податоци од анализите за исплатливост, изготвени по наредба на двајцата осомничени, купопродажбата била оценета како погодна, па на 15.09.2021 година надзорниот одбор на правното лице донел одлука – Одобрение за купување на недвижниот имот“, објаснуваат од ОЈО.

Митровски и Гиевски влијаеле да бидат одобрени изготвените невистинити анализи од страна на доминатниот акционер во компанијата и да се реализира инвестицијата за купување на недвижен имот – вкупно 48 катастарски парцели во КО Делчево, КО Ветрен, КО Габрово и КО Берово од кои биле 29 во сопственост на останатите осомничени.

„Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето.

Дел од наведените катастарски парцели не ги исполнувале критериумите за пренамена од земјоделско во градежно земјиште согласно Законот за урбанизација, дел од катастарските парцели не исполниле услов согласно објавените критериуми предвидени во јавниот објавен оглас за доделување на право на користење премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали објавен од страна на Министерството за економија, иако согласно одлуките на Надзорниот одбор и Управниот одбор на правното лице парцелите биле купувани токму со таа намена“, додава обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило