18 Декември, 2025
0.0551

ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ ГЛАВНА ТЕМА: Спорот со името носи и нови протести во Грција!

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Во Атина и Солун се организираат нови протести во врска со последните случувања во разговорите за името на Македонија. 

Според соопштението испратено до медиумите, членовите на организацискиот комитет, образуван од координаторите на двете големи демонстрации "Македонија значи Грција" во Атина и Солун, веќе имал серија разговори со претставници на локалните власти и ги замолил да дадат практичната поддршка за борбата на грчкиот народ против "продажбата на името Македонија од страна на владата", пишува електронското издание на грчкиот весник Protothema. 

Во текот на следните неколку дена, Комитетот, во соработка со пан-македонските сојузи, ќе oрганизира паралелни митинзи во градовите низ цела Грција. Протестите во овие градови ќе се одржат на 6 јуни во 19:30 часот. Како што се наведува во соопштението до медиумите, „преку овие демонстрации, Комитетот сака да ги потсети политичарите во земјата дека грчкиот народ веќе донел одлука во однос на името Македонија и сака тоа да биде почитувано".

Комитетот повторно ја предупредува грчката влада дека "решение во кое фигурира терминот "Македонија" не може да биде прифатен од грчката страна". Најавата доаѓа еден ден пред да се продолжат разговорите на ЕУ за името на Македонија. 

Денеска напредокот во разговорите за името ќе биде една од главните теми на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ. По неколку недели на јунскиот самит европските лидери треба да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија за членство по препораката на Европската комисија.

Високиот претставник на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини ќе ги пречека министрите на 28-те земји-членки за процесот на преговори, додека двајцата министри за надворешни работи на Македонија и Грција треба да продолжат да преговараат во Брисел по њујоршкиот круг преговори. 

Многу земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Германија, отворено се залагаат за почеток на преговори со Македонија, ако спорот за името со Грција се реши.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери