16 Декември, 2025
0.0299

Денеска ќе падне пресуда за „Поткуп“

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 08:39

Добивај вести на Viber

Во кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано изнесувањето завршни зборови за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Потоа судискиот совет со кој раководи судијата Дарко Тодоровски, треба да ја објави пресудата.

Заев пред судот рече дека е невин и дека станува збор за местенка организирана од тогашната власт за да се спречи објавувањето на бомбите. Целосната снимка, обезбедена со посебни истражни мерки поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена без присуство на јавноста. Заев побара снимката од пи-мерките да се пушти во присуство на јавноста, но Апелацискиот суд тоа не го дозволи.

Обвинителството го обвини Заев дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, кој сведочеше во постапката. Првото рочиште за овој случај се одржа на 25 јануари 2016 година, што значи дека судењето за Заев траеше 2 години и 3,5 месеци.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење