Денеска самит во рамки на иницијативата Отворен Балкан: Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе потпишат важен договор
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 07:46
Самитот во рамките на иницијативата Отворен Балкан ќе се одржи денеска во Палатата „Србија“ во Белград.
Со самитот ќе претседаваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски.
На собирот ќе присуствуваат и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

За Танјуг претходно во Министерството за земјоделство изјавија дека лидерите на земјите од иницијативата Отворен Балкан денеска на самитот во Белград ќе потпишат договор со кој ќе се регулира соработката во областа на безбедноста на храната.
Двата најважни дела од тој документ ќе се однесуваат на гаранциите дека Србија, Македонија и Албанија ќе имаат приоритет во меѓусебната размена на основните прехранбени производи, така што населението во тие земји ќе има доволно храна во кризни ситуации, како и механизми за спречување на повторен извоз на храна на трети пазари.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




