26 Април, 2024
0.0270

Денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата “Подобрување на пристапот до лекови за сите”

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска во Скопје ќе се одржи конференција за здравство насловена како “Подобрување на пристапот до лекови за сите”, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), по инцијатива на Комитетот за здравствена заштита при АмЧам.

Целта на конференцијата е да се поттикне процесот на утврдување и донесување на позитивна листа на лекови која ќе биде во линија со европските стандарди на здравствена заштита и да се иницираат конкретни, остварливи решенија заради надминување на итните прашања во областа на здравството, со што би се подобрил севкупниот здравствен систем во Република Северна Македонија.

На настанот, меѓу другите  говорници, ќе се обратат и:д-р Рифат Атун, професор по глобални здравствени системи, факултетски претседавач при Програмата за лидерство на министри на Харвард и директор на Лабораторијата за иновации во здравствените системи на Универзитетот Харвард; д-р Золтан Кало, професор по економија во здравство при Центарот за проценка на здравствени технологии на Универзитетот Семелвајс во Будимпешта и Институтот за истражувања Сиреон од Будимпешта;д-р Славејко Џамбазов, меѓународен експерт и консултант за здравствени политики и технологија, основач и директор на HTA Ltd., како и д-р Тихомир Стризреп, доктор по медицина и поранешен директор на Националниот фонд за здравствено осигурување на Република Хрватска.

Предвидено е да се одржат и  четири панели во кои ќе учествуваат  домашни и меѓународни стручњаци од различни области на здравствената заштита и менаџирање на здравствените системи, кои ќе ги обработат следните теми: “Одржливо финансирање во здравството како предуслов за подобар пристап до лекови”, “Како да се отклучи процесот со позитивната листа на лекови?”, “Здравствена заштита заснована на вредност и потреба од реални податоци”, како и “Хармонизацијата со ЕУ во областите на лекови и јавните набавки”.

Настанот ќе може да се следи бесплатно онлајн, на следниот ЛИНК, а на официјалниот веб сајт на АмЧам Северна Македонија може да се погледне и деталната агенда..

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет