„ДЕПОНИИТЕ НЕ СЕ ЧИСТАТ, ЃУБРЕ НА СЕКОЈ ЧЕКОР, НИТУ ЕДЕН ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ“: СДСМ со нови обвинувања за загадениот воздух
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024
Од опозициската СДСМ утрово повторно се огласија на темата загаден воздух.
Тие потсетуваат дека Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, и дека граѓаните дишат загаден воздух и во други градови.
- Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше активна борба со аерозгадувањето граѓаните гледаат дека ниту градоначалниците од оваа партија ниту пак централната власт презема нешто.
Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијадра евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50 проценти. Дојде на власт, седна во фотелјата и Мицкоски не прави ништо, ниту има инвестиции, ниту мерки против загадувањето - укажуваат опозиционерите.
Притоа укажаа дека во мандатот на СДСМ во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 метри квадаратни со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат.
- Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.
Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.
Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух - нагласуваат од СДСМ во соопштението испратено до медиумите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.