Десет лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на зграда во Индија
Објавено во: Свет 01 Април, 2018
При уривање на трикатна зграда во градот Индоре во Индија загинаа најмалку десет лица загинаа, а двајца се повредени.
Вчера во текот на ноќта е спроведена спасувачката операција во која десет лица се извлечени живи од под рушевините. Локалната полиција смета дека нема повеќе лица под рушевините.
Причината за несреќата се уште се истражува.
Според информациите од весникот „Times of India“ зградата се срушила откако маж влетал со автомобил во предниот дел на објектот.