Десетици убиени за време на свадба во ирачко село
Објавено во: Свет 09 Март, 2017
Најмалку 30 луѓе загинаа и 25 други се ранети синоќа при бомбашки напади на свадбена церемонија во село во централен Ирак, јави ДПА.
Извори од локалните служби за безбедност и болници рекоа дека бомбашите носеле појаси со експлозив, кои ги активирале во село Хаџаџ, во близина на градот Тикрит.
Дел од медиумите во Ирак соопштија дека бомбашите-самоубијци биле најмалку четворица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за ова крвопролевање, но за слични напади досега одговорност преземе „Исламска држава", веројатно како одмазда за офанзивата на владините сили против Мосул, кој до неодамна беше нескршлив бастион на џихадистите.