Дескоска: Ќе се решава проблемот со големите долгови на студентските домови
Објавено во: Македонија 24 Април, 2018 13:40
Подобрување на исхраната и условите во студентските домовите, планот за намалување и санирање на долговите со кои се соочуваат и кои во моментов изнесуваат околу 5 милиони евра, како и финансирањето на студентските и ученичките домови и можните решенија за надминување на проблемите, беа теми за кои разговараа министерката за образование Рената Дескоска на средбата со Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, како и со претставниците на студентските и ученичките домови во земјава.
Дескоска ги задолжи присутните да изготват детална анализа со точно лоцирање на проблемите со кои се соочуваат студентските и ученичките домови, која ќе содржи и предлози за подобрување и подигнување на квалитетот на живот на студентите и на учениците.
Министерката на средбата ги предочи претстојните измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и Законот за ученичкиот стандард, со кои се очекува да се подобри квалитетот на живот, а во кој е уредено сместувањето на студентите и учениците, исхраната, школарината и стипендиите, како и задоволување на работните, културните, информативните и спортско-рекреативните потреби на студентите и учениците.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




