Детали за пожарот во Макстил
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 14:22
На ден 11.05.2018 година од страна на Државниот Инспекторат за животна средина е извршен вонреден инспекциски надзор во правниот субјект Макстил, А.Д Скопје, согласно член 198 од Законот за животната средина, врз основа на телефонско јавување од страна на одговорно лице за животна средина кај горенаведениот субјект. Посебно писмено известување ќе биде испратено до ДИЖС во текот на денот 11 мај.
Погон Челичарница согласно примено известување од 30.04.2018 година до Државниот Инсепкторат за животна средина, не е во функција од 29.04.2018 година во 22.18часот. Во моментот на надзорот како и во текот на денот кога е предизвикан пожарот Погонот не бил во функција, односно согласно добиената дозвола, правниот субјект ќе извести пред почеток со редовно работење, односно за сите евентуални активности и состојби. Согласно неработењето на правниот субјект и континуираниот мониторинг за следење на емисиите во воздухот не работи (емисија).
Вонредниот надзор е започнат во 8 часот, при што е извршен надзор на лице место на местото каде е предизвикан пожарот. Се работи за локација во Погон Челичарница, на место за припрема на старо отпадно железо пред влез во процес на производство, каде се врши т.н дробење на истото. За точно утврдување на причините за пожарот ДИЖС ќе биде дополнително писмено известен од правниот субјект.
Во моментот на надзорот пожарот сеуште не беше целосно изгаснат, односно во тек беа активности за негово финално гаснење од страна на релеватни служби, а истиот беше ставен под контрола.
Пожарот е започнат/забележан од страна на вработени лица на 10 мај околу 21.20 часот, по што е пристапено кон негово гаснење со ПП апарати. Потоа е повикана напомош Противпожарна служба на РЖ Услуги Железарница, како и Градска Противпожарна служба. Во текот на гаснењето подоцна се има вклучено и ЈП Водовоод и Канализација.
Во текот на надзорот присуствуваа и раководителот на Секторот за инспекциски работи при Општина Гази Баба како и овластениот инспектор за животна средина. За време на надзорот и во текот на ноќта биле присутни и останати институции, меѓу кои и Полиција.
При надзорот е изготвена и фотодокументација.
Правниот субјект до Министерството за животна средина и просторно планирање согласно А-Дозволата за усогласување со оперативен план, во октомври 2015 година има доставено Програма со дефинирани критични точки, односно потенцијални места на несакани дејствија во однос на загадувањето на животната средина каде има и дел за заштита од пожари, исто така поседува Согласност и Мислење од Дирекција за заштита и спасување за Правилник за заштита од пожари и експлозии, односно План за заштита и спасување од природни непогоди и несреќи согласно Законот за заштита и спасување. Во моментот на изготвување на соопштението се врши и надзор од страна на Инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување надлежни за пожари и заштита и спасување.
Од страна на Макстил, А.Д Скопје доставен е листинг од мониторинг станицата во Гази Баба (градинка Железара) за која е надлежен овој правен субјект согласно дозволата, од еколошки параметри кои се предмет на мониторирање, односно континуирано следење (амбиентален воздух, имисија). Анализаторот за цврсти честички со големина од 10 микрометри на метаркубен (PM10) е на калибрирање, уредно е известено МЖСПП и ДИЖС на ден 19.04. Од останатите парамтери кои се следат нема надминување над ГВЕ (SO2, NO2, NOx, NO, CO).
Врз основа на податоците од Државниот Автоматски Мониторинг Систем за Квалитет на Воздухот, во текот на ден 11.05.2018 година е забележано зголемување на концентрациите на РМ10 во 03 часот наутро на мерното место Гази Баба (кај ПМФ) часовната концентрација била 228.02 микрограми на метар кубен и на мерното место Ректорат часовната концентрација била 137.22 микрограми на метар кубен. Веќе од 5 часот, евидентирано е намалување на концентрациите. Среднодневната концентрација за 11.05.2018 година се пресметува по изминување на деноноќието за да може да се спореди со среднодневната гранична вредност од 50 микрограми на метар кубен согласно подзаконската регулатива. Останатите параметри немаат зголемување на концентрациите во текот на ноќта.
По целосно прибирање на сите релеватни информации, ДИЖС ќе излезе со уште едно соопштение за понатамошно водење на инспекциската постапка.
Последен редовен надзор од страна на ДИЖС е реализиран на ден 16.4 во однос на доставување Годишен Извештај за животна средина до МЖСПП согласно А-Дозволата, при што не е водена понатамошна инспекциска постапка, бидејќи истиот е доставен согласно законските рокови.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




