16 Декември, 2025
0.0434

Деветтиот добитник на 7ка ја подигна својата добивка вредна 6.000.000 денари

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2015 12:02

Добивај вести на Viber

Денес имавме задоволство да се запознаеме со најновиот член на семејството добитници на премија од НОВОЛОТО 7/34. На 7ми јануари, оваа година, Божиќното коло на НОВОЛОТО 7/34 му донесе среќа на пензионер од Скопје, чија желба за анонимност ја почитуваме, а ви пренесуваме дел од разговорот со него. Станува збор за долгогодишен играч на играта ЛОТО, кој многу пати бил блиску до премија, но оваа ми е првата која му ја наградила доследноста и лојалноста кон играта. Добитникот сподели со нас дека има неколку ливчиња кои ги игра на исти броеви, распоредени во 5 комбинации, а кои секогаш ги носи со себе. Од почетокот на приредувањето на играта на среќа НОВОЛОТО 7/34 од Државна лотарија на Македонија, не пропуштил да уплати ниту едно коло. Уплатувал дури и во празничните денови, кога неговото среќно место не работело, се упатувал кон центарот на градот само за да ги уплати своите среќни броеви. „Играњето лото е моја забава, независно што синовите ме советуваа дека не мора да уплатувам баш секое коло. Јас си терав по свое. Сакам да играм ЛОТО, не се надевав дека ќе добијам премија, доволни ми беа помалите добивки, бидејќи играв од забава. Сепак, оваа 7ка е потврда на мојата долгогодишна верба и верност кон играта. Оваа игра ја играат и моите пријатели, кои сега се радуваат заедно со мене.“ Добитникот на 7ка е симпатичен, насмеан пензионер, полн со енергија, а дружењето со него беше навистина забавно. Тој ги поздрави сите верни играчи на НОВОЛОТО 7/34, па им порача да не се откажуваат од играта, да не се разочаруваат ако некое коло не добијат ништо или ако не добијат доволно. За младите порача дека независно од сите нови игри на среќи кои се нудат, играта ЛОТО има посебен дух и играњето ЛОТО носи поинакво задоволство. Играта НОВОЛОТО 7/34 се приредува од страна на Државна лотарија на Македонија од 23ти април 2010 и ја носи најголемата премија во Македонија. Нашиот 9ти добитник на премија со уплата за 5 денари комбинации и еден Џокер, вкупно 110 денари, доби премија вредна 6.000.000, 00 денари. Нека му е со среќа

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави