Девојче изгази двајца мажи
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2018
Девојка на возраст од 15 години прегазила двајца мажи на паркинг во трговски центар во Филаделфија, додека учела да вози.
Жртвите се двајца мажи на педесетина години, кои седела на ѕидот пред една продавница во моментот на несреќата.
Во џипот кој девојката го возела биле нејзината мајка и уште две лица.
Локалните власти информираа дека „нешто се случило“ при влегувањето на возилото на местото за паркирање, поради што џипот тргнал нагло напред, пренесува „АП“.
Против девојчето не е подигнато обвинение, а истрагата е во тек.