ДЕВОЈЧЕТО ВАЊА Е СТАВЕНО НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА МВР ЗА ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА - еве кои се препораките
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023 14:40
МВР го стави исчезнатото девојче на лчистата на исчезнати лица кои се водат во регистарот на Министерството.
„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, е објавено на веб страницата на МВР за исчезнатио лица.
Тие даваат и препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица.
„Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице. Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато. Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови. Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни - Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста. Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни. Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор“, се вели во препораките на МВР.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




