13 Јануари, 2025
0.0278

ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ БАРААТ ЕВТИНИ ДЕСТИНАЦИИ: Дали Македонија е привлечна за нив?

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Дигитални номади доаѓаат во Скопје, Охрид, но и во другите делови на Македонија. Тие работат онлајн, патуваат и секое место на планетава може да биде нивна привремена канцеларија. Луѓето кои поседуваат сместувачки капацитети, објаснуваат дека во летниот период кај нив доаѓаат дигитални номади, најчесто од европските држави. Ја бираат Македонија затоа што сепак за нив е евтина за живот, но ги сакаат и природните убавини.

„Македонија е неверојатна и тоа беше првото место од кое јас го почнав својот живот како дигитален номад“, изјави Јуди Хернандез од Куба.

Оваа девојка потоа престојувала и во други држави како дигитален номад.

„Во летниот период доаѓаат луѓе од европските земји. Лани имаше гости и од јужна Африка. Вообичаено остануваат по неколку дена. Пред 3 години имаше еден посетител што седеше три години, тој беше од Англија. Имаме гости од Австрија, Германија, Холандија, Белгија, Швајцарија, Полска, Чешка. Најверојатно ги посетуваат сите кампови тука во регионот. Имаме чист воздух во Отешево, а нив им е најважна хигиената, и се фасцинирани од природата. Но, иако мислиме дека сме познати како евтина дестинација, сепак тоа не е доволно, треба уште многу луѓе да нè запознаат“, вели Симе Стојчески, од авто-камп „Отешево“.

Дел од луѓето кои издаваат вили, апартмани, бунгалови, во групите за дигитални номади ги нудат своите капацитети. И тие се во потрага по дигитални номади кои би останале извесно време кај нив.

„Зимно време имаме домашни гости, а во лето доаѓаат дигитални номади. Тие се најчесто од Европа, од Чешка, од Полска, од Австрија. Доаѓаат поради природата, најмногу поради тоа, но и поради трошоците, евтино им е. Остануваат по неколку недели или неколку месеци, секој различно“, објаснува  Давор Врговиќ, сопственик на вила во Маврово.

Во групите на социјалните мрежи, дигиталните номади си споделуваат искуства, бараат сместување за период од 1 до 3 месеци во земји каде месечно животните трошоци би ги чинеле 500, 600 евра или пак имаат буџет до 1.000 долари месечно. Некои патуваат сами, други со своите партнери или евентуално со дете. Може да се забележи дека дигиталните номади од другите континенти прашуваат за сместување во балканските земји. Некои сакаат да бидат близу езеро, други да престоуваат во планинско место, секој има различни желби.

Експанзијата на дигиталните номади се случи по пандемијата на коронавирусот. Во 2023 година беше објавено дека Скопје е најдобар европски град за дигитални номади, по што следуваа Сараево во Босна и Херцеговина(БиХ) и Кишинев во Молдавија, според британскиот магазин „Тајм аут“. Експертите за патувања од кредитната компанија „Нортон фајненс“ оценувале 184 земји, земајќи ги предвид факторите: просечна кирија, комунални услуги, транспорт, фитнес-сала и трошоци за интернет, заедно со трошоците за повратен лет од Обединетото Кралство.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„БРИТИШ ПЕТРОЛЕУМ“ ПОТВРДИ: Имаме технички проблеми на гасоводот во Азербејџан

„БРИТИШ ПЕТРОЛЕУМ“ ПОТВРДИ: Имаме технички проблеми на гасоводот во Азербејџан

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ - еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ - еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА НАСКОРО ВЛЕГУВА ВО ШЕНГЕН? Само две членки на ЕУ не се во зоната за слободно движење

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА НАСКОРО ВЛЕГУВА ВО ШЕНГЕН? Само две членки на ЕУ не се во зоната за слободно движење

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија

„Македонија пат“ наместо да чисти снег, им плаќа камати на извршители

„Македонија пат“ наместо да чисти снег, им плаќа камати на извршители

Колку чини печатењето на најважниот правнички весник во Македонија?

Колку чини печатењето на најважниот правнички весник во Македонија?

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ОДМАРААТ СО ПОМОШ НА ИНТЕРНЕТ – растат онлајн резервациите, еве за каде имаа најголем интерес

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ОДМАРААТ СО ПОМОШ НА ИНТЕРНЕТ – растат онлајн резервациите, еве за каде имаа најголем интерес

ПОТРЕСИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ДО 2030: Милиони ќе бидат вработени во оваа клучна област

ПОТРЕСИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ДО 2030: Милиони ќе бидат вработени во оваа клучна област