ДИК го oтфрли приговорот за Брвеница
Објавено во: Македонија
06 Ноември, 2025 17:34
Добивај вести на Viber
Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска се разгледуваат 16 приговори доставени за постапките за гласање и резултатите во три општини: Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.
Членовите на ДИК едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за пет избирачки места во Општина Брвеница.
Членот на ДИК, Ангелчо Ристов, образложи дека приговорот содржи правно неформални недостатоци, бидејќи е поднесен од кандидат за градоначалник, а законски треба да биде поднесен од подносителот на кандидатската листа. Поради тоа, ДИК го отфрли приговорот.
За Општина Шуто Оризари поднесени се вкупно 13 приговори, од кои 10 се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а три од Сојузот на Роми.
- ИМ 2956 (Одбиен): ДИК го отвори избирачкиот материјал за Избирачко место 2956 поради сомнежи за несовпаѓање на две гласачки ливчиња. По пребројувањето, констатирано е дека нема утврдено гласачко ливче повеќе, и дека тоа не е основа за поништување на гласањето. Оттука, ДИК го одби овој приговор. Сепак, констатирана е промена во бројот на гласовите за кандидатот со реден број 9 (два гласа помалку) и во бројот на неважечки ливчиња (вкупно 10, наместо осум).
- ИМ 2971 (Во тек): Во тек е броење на гласачките ливчиња и анализа на целиот изборен материјал за Избирачко место 2971, за кој приговор поднела коалицијата „Твоја Македонија“.
Разгледувањето на приговорите за Општина Карпош е исто така во тек на 156-тата седница на ДИК.
Можеби ќе ве интересира
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон
АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ
АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ
Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10
Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10
„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот
„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казните од „Безбеден град“ официјално ќе почнат од 1 февруари
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казните од „Безбеден град“ официјално ќе почнат од 1 февруари
Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје