14 Декември, 2025
0.0392

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните да бидат спокојни, целта е стабилизација и консолидација на јавниот долг, Буџетот за 2026 година одговорно планиран

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2025 20:41

Добивај вести на Viber

Изработката на Буџетот за 2026 година претставуваше сериозен и комплексен предизвик, пред сè поради обврската на Владата за фискална консолидација, но со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во Дневникот на Сител.

„Ова е процес кој логично требаше да биде спроведен од претходната влада, особено во услови на висока инфлација. Но, тоа не се случи, па целиот товар падна на нас“, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска потсети дека следната година државата треба да врати долгови во износ од 2 милијарди евра, создадени со крајно неодговорно и, како што нагласи, неконтролирано трошење во минатото, но увери дека граѓаните треба да бидат спокојни.

„Граѓаните можат да бидат спокојни – не станува збор за нов долг. Напротив, целта е стабилизација и консолидирање на јавниот долг, што веруваме дека ќе го постигнеме порано од проектираните рокови.“ кажа министерката во гостувањето во Сител.

Како што кажа министерката, приходите се проектирани внимателно и реално, а со економскиот раст постои можност за надминување на планираните бројки. Расходите се прецизно планирани, со јасна аргументација за секое оптимизирање.

Министерката се осврна и на критиките за наводно кратење на социјалната помош, истакнувајќи дека бројот на корисници се намалува како резултат на подобрено управување и интеграција на дел од нив на пазарот на труд. Во исто време, лицата со попреченост остануваат врвен приоритет и се целосно покриени во Буџетот.

Во однос на капиталните расходи, Димитриеска-Кочоска потенцира дека бројките говорат за реални инвестиции. Заклучно со 13 ноември, реализацијата изнесува 22,1 милијарди денари, а по старата методологија достигнува 28 милијарди денари што е за 47,4 отсто повеќе од претходната година. 

„Буџетот за 2026 година предвидува 40 милијарди денари за капитални инвестиции, што е реално и остварливо, земајќи ги предвид капацитетите и состојбите на градежниот сектор", кажа Димитриеска-Кочоска.

Министерката нагласи дека Буџетот ги опфаќа сите законски обврски на државата – кон пензионерите, работниците и приватниот сектор. Пензиите ќе бидат усогласени согласно законските обврски, вклучително и априлското зголемување од околу 1.000 денари и редовното усогласување во септември. Минималната плата и сите надоместоци исто така се пресметуваат согласно законската методологија.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји