Димитриеска-Кочоска: Капиталните расходи за 2026 се реално проектирани и согласно вистинската реализација на инвестициите
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2025 19:52
Капиталните расходи за 2026 година се проектирани на реално ниво, засновано врз досегашната реализација и очекувањата за следната година. При оценка на реализацијата на капиталните инвестиции не може целата одговорност да се припише само на Владата, бидејќи често доцнењата произлегуваат од компаниите-изведувачи кои се соочуваат со недостиг на работна сила и други ограничувања, посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во централниот Дневник на МТВ.
„Реалноста е дека сме ги проектирале капиталните расходи на едно реално ниво. Ако ја погледнеме реализацијата на капиталните расходи низ годините наназад ќе видиме дека никогаш реализацијата не била согласно тоа што било проектирано. Ќе видите дека трансфери до јавните претпријатија и до акционерските друштва во сопственост на државата се дефинирани како капитални расходи“, појасни министерката.
Според Димитриеска-Кочоска со примената на новата методологија, според која трансферите кон јавните претпријатија и државните акционерски друштва веќе не се водат како капитални расходи, се добива поквалитетна и реална слика за вистинските инвестиции.
„Имаме и различна методологија која што се користеше. Односно се она што се давало како трансфер кон јавните претпријатија и акционерски друштва не е капитален расход туку трансфер. Ако ние сега 2025 годна ја споредиме со 2024 година ќе видите дека ние имаме огромна реализација на капиталните расходи, само ако ги споредиме новата и старата методологија за повеќе од 19 oтсто со последните податоци од вчера. Значи за 19 отсто имаме поголема реализација на капитални расходи според новата методологија. Што значи дека и покрај тоа што еден дел од трансферите во минатата година биле вклучени во капитални расхади, а сега не се вклучени, повторно имаме раст. Ако ги додадеме нив, имаме над 47 отсто раст на капиталните расходи оваа година, иако повторно не сме до 100-процентна реализација од проекцијата од 47 милијарди денари за 2025 годна“, истакна Димитриеска-Кочоска.
Министерката укажа и на проблемот со ниската реализација на средствата што институциите ги имаат на сопствени сметки. Во 2025 година, од вкупните 47 милијарди денари капитални расходи, дури 15 милијарди се предвидени од сопствени средства на институциите — сегмент каде реализацијата е најниска.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




