Димитриевски: Сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2021
Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Маским Димитриевски кој собра потписи и е кнезависен андидат за градоначалник, реагира на изјавата на шефот на изборниот штаб на партијата Љупчо Николовски, според која тој повеќе не е член на СДСМ.
Вели дека е разочаран и искрено жали за таквата шверцерска, полноќна одлука на поединци на раководството на СДСМ. Димитриевски рече дека таквата одлука не е легитимна, не е во согласност со статутот на СДСМ, затоа што треба да ја донесе Извршниот, па потоа Централениот одбор, а таква седница не се одржала.
„Небулозата дека сам себе сум се исклучил не би ја коментирал. Но како и да е, тоа кажува за демократскиот капацитет во партијата и го потврдува мојот став искажан неодамна, дека СДСМ е узурпирана од неколкумина кои со своите интриги и манипулации предизвикуваат огромна разочараност и штета кај членството, симпатизерите и поддржувачите, и сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак. Кумановци тоа нема да го дозволат. Јас по убедување сум социјалдемократ, со јасна и прецизна социјалдемократска идеја, мисла и визија. И никој, ама баш никој, тоа не може да ми го одземе. Куманово е револуционерен град и на 17 октомври кумановчани ќе го покажат својот непокор и пркос, упатувајќи силна порака кој на кого му свртел грб", се вели во писмената изјава на Максим Димитриевски.
Откако тој објави дека како независен ќе оди на избори, и ќе ја бара довербата за втор мандат, од партијата ги обвинија дека им свртел грб на граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.