17 Декември, 2025
0.0564

Димитров и Коѕијас „летаат“ за Виена - Ќе има ли пробив во преговорите?

Објавено во: Македонија 25 Април, 2018 08:58

Добивај вести на Viber

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена повторно ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц, со цел да се сумира досегашниот напредок од преговорите и да се разговара за идните чекори кои треба да доведат до решение за спорот за името иако и од двете страни се доста претпазливи за давање на конечни рокови или формати, без оглед што видлива е засилената дипломатска иницијатива. 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во изјава за грчкото радио 247 рекол дека договор не може да се постигне до јулскиот самит на НАТО.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера изјави дека очекува прашањето за името меѓу Македонија и Грција да биде решено во наредните 15 дена.

– Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе биде најдено решение за името или барем решение што ќе го отвори патот за почнување на пристапните преговори со ПЈРМ. Мислам дека сите се согласни оти тоа би било корисно за земјата и за целиот регион на Западен Балкан – рече Хан пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, објави независната балканска новинска агенција ИБНА.

Македонскиот премиер Зоран Заев запрашан да ја коментира изјавата на Хан, вчера на прес-конференција рече дека не верува оти за две недели може да се реши спорот за името.

– Еврокомесарот Јоханес Хан е голем пријател на Македонија и дај Боже тој да има информација што за две недели би завршиле. Јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори – рече Заев.

Во однос на поканата за НАТО, посочи оти е познато дека таа се добива автоматски.

Грчкото Министерство за надворешни работи, преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

– Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува – соопштуваат од МНР на Грција.

Министрите Димитров и Коѕијас, како што веќе беше соопштено по нивната средба во Охрид, ќе се сретнат и на двете конференции кај јужниот сосед, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио.


Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето