17 Декември, 2025
0.0470

Димитров се плаши дека од историското НЕ ќе остане само горчливата прашина

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 17:03

Добивај вести на Viber

Екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров повикува на итна реафирмација на македонските позиции во однос на Бугарија и францускиот предлог. 

Вели дека очајот на дел од владата за лажен успех оди дотаму што четирите услови на премиерот гласно и јасно изговорени од сред Брисел, се стопија прво на два зборови, „протокол” и „отворање”, па за 24 часа само на еден збор „протокол”.


„Од повикот на шефот на дипломатијата пред три дена бугарскиот парламент да не го усвојува предлогот бидејќи тоа „ќе го блокира долгорочно европскиот процес” за само еден ден потоа токму усвојувањето на предлогот стана „голем напредок”. Ако потрае оваа агонија на игра со зборови и позиции уште малку, веројатно предлогот ќе им стане целосно прифатлив и ваков каков што е, а од историското НЕ ќе остане само горчливата прашина. За жал, ако навистина дојде до тоа - ќе ја дишеме сите долго, заглавени во ќорсокакот. Затоа најитно е потребна гласна реафирмација на македонските позиции и дома и надвор, за да ги чујат сите кои можеби не сакале да ги слушнат, вклучувајќи го и еврокомесарот Вархеји. Во вакви услови, кога јавноста е оставена да се храни само со полуинформации, како очекувате да нема грижи и дилеми? Абе за НАС се работи, за секој од нас. Има да одговарате на секое ново прашање, а не уште да обвинувате“, пишува Димитров на социјалните мрежи. 

Вели дека министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани кои целосно се вложиле да спречат национална катастрофа нагалено наречена „државна стратегија” нарекувајќи го тој автентичен чин „хибриден напад” треба веднаш да ги снема од владата. Димитров вели дека ако тоа не се случи, одговорноста ќе падне на целата влада.

„Граѓанското несогласување и активизам е срцето на демократијата. Ако до овој најнов срам проблемот беше надворешната божем-политика што со зборовите на Петков доведе до “неверојатен дипломатски успех” за Бугарија, со сесрдна помош и соучесништво на македонската влада, сега проблем е и овој беден обид за божем заплашување. Имаше две неспорни области на напредок последниве години, токму надворешната политика и слободата. Како стоиме денес нервозни господа во тие области, ако надворешната политика дозволи ваков дебакл што го гледаат сите со отворени очи, и дома и надвор, распрскувајќи ги македонските црвени линии на парчиња, а министри се закануваат токму кон слободните граѓани кои се обидуваат да ја намалат штетата,што веќе секако е огромна?“, додава Димитров. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски