26 Ноември, 2024
0.3442

Димитров: Време е ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Ако набргу не успееме да го исполниме европскиот сон на нашето соседство, за десет години ќе го загубиме, а со него ќе имаме изгубено една генерација, истакнува поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, говорејќи за грчкиот весник „Авги“. 

За ЕУ перспективата Димитров коментира „децата родени во Северна Македонија, кога земјата стана кандидат, сега веќе гласаат и немаат видено ниту еден процент напредок“, а според него, вината ја имаат и самите земји и самата ЕУ, бидејќи „ЕУ се преправа дека прави проширување, а земјите кандидати се преправаме дека реформираме“.

Смета дека е време ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан.  

- Треба искрено да ни кажат кој е временскиот рок и која е целта. Целосна интеграција? Интеграција во внатрешниот пазар? Која и да е понудата од ЕУ треба да биде во можност да ги оживее реформските сили во нашите земји, кои се парализирани, објаснува Димитров и додава дека проширувањето на ЕУ и реформите, мора да се одвиваат паралелно.

Коментира дека и самите земји сносат одговорност, бидејќи ветуваат реформи и не ги спроведуваат.

- Во мојата земја преовладуваат корупцијата и неказнивоста. Политиката стана алатка за да ги сместиш твоите луѓе во болниците, училиштата, судовите. Поентата е да им го отежнеме животот на корумпираните политичари, да бараме меритократија и одговорност, да се бориме за да остане нешто од колачот и за граѓаните, вели поранешниот министер.

За Договорот од Преспа посочува дека го отвори патот кон ЕУ за Северна Македонија и Албанија, но Франција стави кочница и „шансата беше пропуштена, бидејќи ЕУ не ги исполни ветувањата“. 

Коментира дека сè уште има проблеми во имплементацијата на договорот во двете земји, а како пример ги посочува непроменетите табли во Грција на кои и понатаму пишува ФИРОМ.

За весникот Димитров говори и за заминувањто на младите од нашата земја кои одат во Германија и во други земји бидејќи, како што вели „многу полесно е да најдат добра работа и да имаат пристоен живот во странство отколку да останат и да се борат во својата татковина“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“